Досега само Уругвај и Италија во исто време биле и олимписки и светски прваци, и тоа Уругвај по трофеите освоени во 1928 и 1930 година, а Италија победи на три првенства во низа од 1934 до 1938 година. Бразил, кој се пласира во осминафиналето на СП 2022, лани во Токио вторпат по ред го освои фудбалското злато на летни олимписки игри, а во својата репрезентација на актуелниот Мундијал има и осум олимписки прваци

ФУДБАЛ – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР

Бразил се пласира во осминафиналето на фудбалското Светско првенство (СП) во Катар и остана на патот кон необична двојна титула, последен пат видена пред 84 години и нешто што го направиле само две други репрезентации.
Селекцијата на Бразил лани ја освои втората олимписка титула со победата на Летните олимписки игри во Токио. Со евентуално освојување и на светската титула, Бразил (досега пет пати беше светски првак, по триумфите на мундијалите во 1958, 1962, 1970, 1994 и во 2002 година) ќе стане само третата земја што би била актуелен шампион во двете планетарни фудбалски натпреварувања. Прв тоа го направи Уругвај, со триумфот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во 1928 година во Амстердам и две години подоцна на Светското првенство на кое беше домаќин. Потоа следуваше доминацијата на Италија, која стана светски првак во 1934 година на свој терен и ја одбрани титулата во 1938 година на првенството одиграно во Франција, а помеѓу тие светски фудбалски шампионати ја освои и олимписката титула на Летните олимписки игри во 1936 година во Берлин.
Покрај Уругвај, Италија и Бразил, злато на двете планетарни фудбалски натпреварувања, светско првенство и летни олимписки игри, досега освојувале уште три земји, но со големи паузи помеѓу двете титули, и тоа Франција (победи на ЛОИ во 1984 во Лос Анџелес и потоа на СП во 1998 дома и во 2018 година во Русија), Шпанија (славеше на ЛОИ во 1992 година на домашен терен и на СП 2010 во Јужна Африка) и Аргентина (триумфи на СП 1978 на свој терен и во 1986 година во Мексико, и на ЛОИ во 2004-та во Атина и во 2008 година во Пекинг).
Во тимот на Бразил на Летните олимписки игри одржани лани во Токио и сега на Светското првенство во Катар се Ричарлисон (прв стрелец на ЛОИ 2020 со пет гола), Дани Алвеш (капитен на селекцијата), Бруно Гимараеш, Габриел Мартинели и Антони, а златниот медал на Летните олимписки игри во 2016 година во Рио де Жанеиро го освоија Нејмар, Маркињос и Габруел Жезус, кои, исто така, се во составот за СП 2022.
По две одиграни кола на годинашното Светското фудбалско првенство пласман во осминафиналето обезбедија три репрезентации, сите без загубен бод досега, и тоа Франција (гол-разлика 6-2), Бразил (3-0) и Португалија (5-2). Од вчера почна да се игра третото коло во фазата по групи, а синоќешните дуели ги дадоа новите четири селекции осминафиналисти, по две репрезентации од групите А и Б.


ФУДБАЛ – УЕФА
Холандија ќе биде домаќин на финалето на Лигата на нациите

Финалниот турнир на Лигата на нациите со четири репрезентации в година ќе се игра во холандските градови Ротердам и Еншеде, објави Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет-страница. Холандија првпат ќе биде домаќин на финалето на Лигата на нациите, откако претходните две изданија на турнирот се доиграа во Португалија во 2019 година (победи Португалија) и во Италија лани (победи Франција). Полуфиналето е планирано да се игра на 14 и 15 јуни 2023 година, а натпреварите за третото место и финалето се закажани за 18 јуни. Ждрепката за одредување на полуфиналните двојки ќе се влече во јануари в година во Нион. Во полуфиналето се пласираа Холандија, Хрватска, Италија и Шпанија.


ЗЕМЈИ СО ТИТУЛИ НА СП И НА ЛОИ

РЕПРЕЗ.             ЛОИ                  СП
Бразил              2016, 2020        1958, 1962, 1970, 1994, 2002
Италија             1936                 1934, 1938, 1982, 2006
Уругвај              1924, 1928        1930, 1950
Франција           1984                  1998, 2018
Аргентина          2004, 2008         1978, 1986
Шпанија             1992                 2010


СП 2022

ГРУПА А
Еквадор – Сенегал синоќа
Холандија – Катар синоќа
Табела
Холандија 2 1 1 0 3-1 4
Еквадор 2 1 1 0 3-1 4
Сенегал 2 1 0 1 3-3 3
Катар 2 0 0 2 1-5 0
ГРУПА Б
Иран – САД синоќа
Велс – Англија синоќа
Табела
Англија 2 1 1 0 6-2 4
Иран 2 1 0 1 4-6 3
САД 2 0 2 0 1-1 2
Велс 2 0 1 1 1-3 1
ГРУПА Ц
Полска – Аргентина 20 ч.
Саудиска Арабија – Мексико 20 ч.
Табела
Полска 2 1 1 0 2-0 4
Аргентина 2 1 0 1 3-2 3
С. Арабија 2 1 0 1 2-3 3
Мексико 2 0 1 1 0-2 1
ГРУПА Д
Австралија – Данска 16 ч.
Тунис – Франција 16 ч.
Табела
Франција 2 2 0 0 6-2 6
Австралија 2 1 0 1 2-4 3
Данска 2 0 1 1 1-2 1
Тунис 2 0 1 1 0-1 1
ГРУПА Е
Јапонија – Шпанија утре, 20 ч.
Костарика – Германија утре, 20 ч.
Табела
Шпанија 2 1 1 0 8-1 4
Јапонија 2 1 0 1 2-2 3
Костарика 2 1 0 1 1-7 3
Германија 2 0 1 1 2-3 1
ГРУПА Ф
Хрватска – Белгија утре, 16 ч.
Канада – Мароко утре, 16 ч.
Табела
Хрватска 2 1 1 0 4-1 4
Мароко 2 1 1 0 2-0 4
Белгија 2 1 0 1 1-2 3
Канада 2 0 0 2 1-5 0
ГРУПА Г
Камерун – Србија 3-3
Бразил – Швајцарија 1-0
Србија – Швајцарија петок, 20 ч.
Камерун – Бразил петок, 20 ч.
Табела
Бразил 2 2 0 0 3-0 6
Швајцарија 2 1 0 1 1-1 3
Камерун 2 0 1 1 3-4 1
Србија 2 0 1 1 3-5 1
ГРУПА Х
Јужна Кореја – Гана 2-3
Португалија – Уругвај 2-0
Гана – Уругвај петок, 16 ч.
Јужна Кореја – Португалија петок, 16 ч.
Табела
Португалија 2 2 0 0 5-2 6
Гана 2 1 0 1 5-5 3
Ј. Кореја 2 0 1 1 2-3 1
Уругвај 2 0 1 1 0-2 1

ОСМИНАФИНАЛЕ
1. А1 – Б2 сабота, 16 ч.
2. Ц1 – Д2 сабота, 20 ч.
3. Д1 – Ц2 недела, 16 ч.
4. Б1- А2 недела, 20 ч.
5. Е1- Ф2 понеделник, 16 ч.
6. Г1- Х2 понеделник, 20 ч.
7. Ф1 – Е2 вторник, 16 ч.
8. Х1 – Г2 вторник, 20 ч.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Победник 1 – Победник 2 9.12
Победник 5 – Победник 6 9.12
Победник 3 – Победник 4 10.12
Победник 7 – Победник 8 10.12