Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, размислува да го напушти клубот во јануари. По сė изгледа дека Костариканецот го загуби почетното место во тимот по доаѓањето на Тибо Куртоа. Тоа не му се допаѓа на 31-годишниот голман кој веќе размислува варијанти за промена на средината.

Во шпанските медиуми излегоа информации дека Навас дури имал и средба со претседателот на Реал Флорентино Перез, за да му ја соопшти својата намера.

Перез му ветил дека нема да му прави пречки во евентуален трансфер и е подготвен да ги разгледа понудите за него, ако пристигнат такви во јануари.

Интерес за Навас пројавуваат неколку европски екипи, меѓу нив и Јувентус каде од Реал замина Роналдо.

Ако Навас го напушти „Сантијаго Бернабеу“ клубот нема да бара замена за него, бидејќи Лопетеги го има на располагање Кико Касилја за втор голман во тимот.