Легендарниот јамајкански атлетичар Усеин Болт, кој јавно се декларира како навивач на Манчестер јунајтед, вели дека тимот под водство на Жозе Мурињо игра неатрактивен фудбал, и воедно упати и молба до Пол Погба да остане на „Олд Трафорд“.

– Оваа сезона почнавме добро, а потоа станавме здодевни. Тоа не ми се допаѓа, бидејќи Манчестер јунајтед секогаш бил напаѓачка екипа. Мурињо е виновен за здодевниот фудбал на тимот, потенцира Болт.

Јамајканскиот атлетичар му порача на Пол Погба, кој беше мета на критики цела сезона, дека не е умно да замине.

Светскиот рекордер на 100 метри досега тренираше со тимови од Германија, Јужна Африка и Норвешка, но секогаш имал желба да игра на „Олд Трафорд“, а конечно таа желба ќе му се исполни во недела, кога ќе настапи на хуманитарниот натпревар за УНИЦЕФ.

Во едната екипа ќе играат ѕведите предводени од пејачот Роби Вилијамс, а од друга страна тимот на Болт.

Во тимот на Вилијамс ќе бидат и атлетичарот Мо Фарах и поранешните фудбалери Мајкл Овен и Дејвид Симан, додека во еркипата на Болт ќе бидат Кларенс Сидорф, Хуан Верон, Роби Кин, Јаја Туре и славниот готвач Гордон Ремзи.