Фото: Маја Јаневска Илиева

Фудбалерите на Вардар и Црвена звезда одиграа хуманитарен натпревар во чест на жртвите од Кочани на „Тодор Проески“ арената на кој славеа гостите од Белград со 1-3.

Сепак, резултатот на овој меч беше во втор план, бидејќи и двата тима испратија моќна порака, но и помогнаа да се соберат средства за фамилиите на настраданите од дискотеката „Пулс“.

Звезда до крајот на првиот дел направи целосен пресврт со головите на Илиќ и Катаи во 41. односно 44. минута, додека конечните 1-3 ги постави Сремчевиќ во 86. минута.