Најстарото куче на светот, 22-годишната женка фокс териер Пеблс, почина само пет месеци пред 23-то роденден.
Гинисовата книга на рекорди објави дека Пеблс починала од природна смрт во Јужна Каролина, а покрај неа биле нејзините сопственици Боби и Џули Грегори. Кучето е родено на 28 март 2000 година и беше прогласено за најстарото куче на светот набргу откако титулата ја освои чивавата Тоби Кит. Кога Тоби Кит се најде на насловните страници, сопствениците на Пеблс сфатија дека нивниот миленик е постар од него.
– Пријателите и роднините почнаа да ни се јавуваат и да ни пишуваат пораки кога ја видоа приказната за 21-годишното куче што го собори рекордот – рече Џули, која набргу потоа изјави дека нејзиното милениче е најстаро.
Сопствениците ѝ кажале на организацијата дека кога барале кученце, првично имале намера да добијат поголема раса. Меѓутоа, откако ја виделе Пеблс, таа веднаш ги освоил нивните срца. Пеблс набрзо родила 32 кученца во три различни легла со нејзиниот партнер од иста раса, Роки, кој почина во 2017 година, на 16-годишна возраст.
– Таа ги поминуваше деновите уживајќи во кантри-музика. Уживаше да пробува нова храна, беше разгалена, а најмногу од сè беше сакана. Пеблс не беше само уште едно куче, таа имаше карактер – велат нејзините сопственици.
Откако Пеблс по старост ја „престигна“ чивавата Тоби Кит, сега тој, веројатно, ја поврати титулата најстаро куче на светот.