Животни

Одржувањето на здравјето на вашето куче вклучува и знаење со што не треба да го храните. Има неколку намирници што се вообичаени во секое домаќинство, но се исклучително токсични за кучињата.
Чоколадо, кафе, чај, газирани сокови и сѐ што содржи кофеин: Овие намирници имаат соединенија за кои се знае дека се токсични за кучињата, бидејќи предизвикуваат проблеми со срцето и оштетување на нервниот систем. Бидете многу внимателни и не дозволувајте вашето куче да земе и најмало количество.
Печурки: Печурките можат да бидат многу штетни за здравјето на вашето домашно милениче, па дури и фатални! Некои видови се полоши од другите, па затоа е најдобро да го спречите вашето куче да дојде во контакт со какви било габи.
Кромид и лук: Може да предизвикаат сериозно оштетување на црниот дроб и да бидат фатални во одредени количества.
Грозје и суво грозје: Не е познато зошто грозјето предизвикува болести кај кучињата, но е опасно. Ако вашето куче изеде грозје или суво грозје, веднаш однесете го на ветеринар за да му го испумпаат желудникот.
Алкохол: Кучињата не треба да консумираат алкохол од кој било вид. Алкохолот предизвикува различни проблеми во однесувањето (слични на луѓето) и може да доведе до напади, срцева слабост и смрт, во зависност од количеството алкохол што кучето го консумирало.