Фото: Пиксабеј

Здрава храна

Соодветниот појадок може да направи голема разлика на почетокот на денот, особено кога станува збор за губење на тежината. Секогаш кога ќе престанете со т.н. пост прекуноќ, експертите се согласуваат дека добар појадок треба да содржи три специфични хранливи материи.
– Појадокот го одредува денот. Ако јадете балансиран оброк, кој вклучува протеини, сложени јаглехидрати и здрави масти, ќе го започнете денот полни со енергија. Комбинирајќи ги тие хранливи материи за време на појадокот, ќе избегнете пад на шеќерот и ќе го подготвите вашето тело за слабеење – вели Антигона Сен, нутриционистка во клиниката „Хенри Форд“.
Јајца, чаден лосос, јогурт, посно месо, свежо сирење и киноа се само неколку примери на опции за појадок полн со протеини.
– Докажано е дека појадокот богат со протеини има корист за здравјето на мускулите и го поддржува слабеењето со зголемување на мускулната маса, потрошувачката на енергија (согорува калории), хормоните за ситост, регулацијата на гликозата и намалувањето на нагонот за ужина во текот на ноќта – велат од Американската диететска асоцијација.
Најважниот оброк во денот и првиот оброк во денот може да има долготрајни последици во текот на денот и врз вашето долгорочно здравје. Додајте влакна од овес, зеленчук, цели зрна, јаткасти плодови и семиња.
– Јадењето влакна може да ви помогне да изгубите тежина бидејќи храната богата со растителни влакна може да ве натера да се чувствувате сито подолго време – вели д-р Адам Б. Горли.
Чувството на ситост може да помогне да се спречи прејадување и да доведе до одржување здрава тежина така што не јадете повеќе калории отколку што согорувате. Исто така здравите масти, кои се наоѓаат во храната како авокадо, лосос, ореви, маслинки и маслиново масло, ленено семе и грчки јогурт, се важни и за здравјето и за губење на тежината. На вашето тело му треба редовно внесување маснотии. Мастите му помагаат на вашето тело да обезбеди енергија, ги штитат вашите органи, го поддржуваат растот на клетките, ги задржуваат холестеролот и крвниот притисок под контрола и му помагаат на вашето тело да ги апсорбира виталните хранливи материи. Кога премногу се фокусирате на ослободување од маснотии, всушност можете да го лишите вашето тело од она што му е најпотребно.