Здрава храна

Семките од лубеница му помагаат на нашето тело да се ослободи од токсините, а чајот направен од нив особено им се препорачува на пациентите што сакаат да ги елиминираат камењата и песокот од бубрезите.
За приготвување чај ви се потребни четири лажици мелени или ситно сечкани семки од лубеница. Секогаш користете свежи семиња. Прелијте ги со половина литар врела вода и почекајте да се изладат. Процедете го и веднаш испијте го чајот. Овој чај треба да го пиете најмалку четири пати неделно.
Покрај наведеното, семките од лубеница можат да ви помогнат да се ослободите од надуеноста бидејќи содржат влакна што ја поттикнуваат работата на дигестивниот тракт. Содржат и калиум, кој го регулира количеството вода во телото и го намалува отокот на зглобовите и стапалата.
Содржат и големи количества витамини Б6, Б1, Ц, кои го зајакнуваат имунитетот. Манганот како микроелемент е одговорен за здравјето на кожата и коските. Триптофанот учествува во производството на серотонин (хормонот на среќата) и се користи за намалување на стресот и за лекување клиничка депресија.