Здрава храна

Новото истражување спроведено во Велика Британија покажа дека одреден вид зеленчук може да помогне да се намали нивото на шеќер во крвта за дури 50 проценти. Станува збор за екстрактот од кромид, кој ги намалува нивоата на шеќер и на холестерол кога се дава со антидијабетичниот лек метформин.
– Кромидот е евтин и достапен за секого. Има потенцијал за третман на пациенти што боледуваат од дијабетес – вели авторот на истражувањето Ентони Одзиех.
Истражувањето било спроведено на глувци. Три групи глувци примиле различни дози екстракт од кромид. Истражувачите им дале на глувците дози од 200, 400 и 600 милиграми по килограм телесна тежина.
Глувците што земале по 400 и 600 милиграми успеале да го намалат нивото на шеќер во крвта за 50 проценти и 35 проценти, соодветно, во споредба со почетното ниво. Исто така, забележано е и намалено ниво на холестерол.