Здрава храна
Запечените пилешки крилца или копани се најдобри ако кожата е крцкава, а Мохамад Јасин, готвач со седиште во Чикаго, САД, кој сите свои совети ги споделува на социјалната мрежа Тик ток, го објави и својот трик за приготвување најкрцкаво пилешко.
Според него, не ви требаат никакви посебни состојки или зачини, ниту пак предолг престој во кујната.
Советот на Јасин е многу едноставен, трае неколку секунди и ќе ви обезбеди кожата на копаните или на крилцата да биде баш онаква како што посакувате.
Целиот трик се крие во врела вода со која е потребно да се прелијат крилцата или копаните пред печењето во рерна. Водата ќе ја затегне кожата на пилешкото и таа ќе биде крцкава по печењето.
Според овој готвач, нема шанси на крајот да не го добиете посакуваниот резултат.
Видеото на Мохамад, очигледно, импресионирало многумина бидејќи собрало неверојатни 7, 8 милиони лајка, а многумина прокоментирале дека се одушевени од едноставноста на трикот.