Техно
„Ватсап“ воведе нова функција, која ќе им овозможи на корисниците пристап до истата сметка на повеќе уреди. На корисниците ќе им биде дозволено да ја користат истата сметка на „Ватсап“ на четири уреди истовремено, пренесува „ВАБетаинфо“.
Меѓутоа, бета-верзијата на оваа функција во моментов ќе биде достапна за андроид-уредите на некои корисници. Функцијата на придружниот режим беше тестирана во претходната бета-верзија на „Ватсап“ и беше достапна за корисниците на таблети.
Со новововедената функција, кога корисниците ќе инсталираат „Ватсап“ на нов телефон, ќе добијат опција да ја поврзат својата сметка со друг уред преку кјуар-код. До опцијата може да се пристапи откако ќе го допрете менито со три точки во горниот десен агол на прозорецот.
Претходно, корисниците можеа да ја поврзат својата сметка на „Ватсап“ со нивниот десктоп-компјутер, покрај нивниот паметен телефон.