Техно

Компанијата „Шаоми“ ја престигна „Тесла“ со претставување прототип на целосно функционален хуманоиден робот. Станува збор за роботот наречен Шаоми СајберВан, кој е висок 177 сантиметри и тежок 52 килограма, а прекарот му е Метал Бро. Тој дури има и хороскопски знак, а тоа е лав.
За време на презентацијата, роботот прошета низ сцената и му подари цвет на извршниот директор на „Шаоми“, Леи Јун. Потоа позираше за самослик со човекот одговорен за неговото постоење. На крајот, роботот излезе од сцената.
СајберВан е вториот производ од лабораторијата за роботи на „Шаоми“, откако во август минатата година го видовме роботското куче СајберДог. Хуманоидната машина има лице во форма на заоблен ОЛЕД-панел, го гледа светот во 3Д-формат и може да „слуша“ благодарение на два микрофона и да идентификува 85 вида звуци во околината и 45 класификации на човечки емоции. Неговото тело се состои од 13 зглоба, неговите движења се прецизни, но сепак не толку агилни како роботот Атлак од „Бостон дајнамикс“.
Сегашната цена на роботот е помеѓу 89.000 и 104.000 долари, а на компанијата ќе ѝ треба повеќе време за да го подготви Метал Бро за масовно производство. „Шаоми“ исто така планира да додаде нови можности на својот прв хуманоиден робот.