Техно
Ласерско пенкало што може да пишува во воздухот е најновото откритие на кинеските научници. Имено, експерти од лабораторијата „Хунгтуо“ во Вухан создадоа пенкало што со кратки ласерски импулси ги отстранува електроните од молекулите на воздухот и ги претвора во плазма, која емитува светлина, така што во воздухот се појавуваат пишани зборови, пренесуваат светските агенции.
– Не ви требаат табла, хартија или екран за да цртате во воздухот благодарение на ова пенкало. Пенкалото користи импулси од само неколку фемтосекунди (еднакви на еден квадрилионити дел од секундата), за кои се потребни милион мегавати енергија. Бидејќи овие импулси се исклучително кратки, потрошувачката на енергија не е толку голема, а ласерското пенкало може безбедно да се користи – објаснува водачот на истражувачкиот тим, Као Шангдонг.
Научниците се надеваат дека ова ласерско пенкало може да се користи во квантното пресметување и во други напредни технологии во иднина, а можеби дури и како некоја нова холографска технологија.