Техно

Специјалното издание на „Самсунг“ на паметниот телефон „галакси зет флип 3“, наречено „покемон едишн“, е распродадено во Јужна Кореја само за неколку минути.
Продажбата се отвори преку продавницата „Галакси кампус“ на „Самсунг“ во Сеул, како и на онлајн продавницата, а сите достапни уреди се распродадоа само за неколку минути за 1.024 долари.
Специјалното издание, односно пакетот вклучува кутија дизајнирана на тема на популарниот Покемон, паметен телефон, специјална чанта „покемон“, етикети „пикачу“, држач за мобилен телефон „покебол“ и приврзок за клучеви „пикачу“. Исто така, дел од пакетот е и едногодишен план за осигурување „Самсунг кеар плус“.
Засега не е познато дали овој специјален пакет ќе биде достапен и на други пазари освен во Јужна Кореја.