Техно

Во март минатата година компанијата „Епл“ ги претстави зелените верзии на серијата „ајфон 13“, а сега на социјалната мрежа Веибо се појави информација дека жолти модели на „ајфон 14“ и „ајфон 14 плус“ ќе бидат пуштени во продажба.
Сè уште нема официјална потврда, но различни сигурни извори тврдат дека жолтите „ајфон 14“ и „ајфон 14 плус“ ќе се појават на пазарот оваа пролет.
„Ајфон 13“ и „ајфон 13 мини“ на „Епл“ се претставени во едноставна зелена нијанса, додека „ајфон 13 про“ и „ајфон 13 про макс“ се нудат во алпско зелена боја. Останува да се види дали „Епл“ овој пат ќе го преземе истиот пристап или само ќе ги претстави основните и моделите „плус“ во жолта боја како што тврди изворот.
Доколку навистина споменатите уреди ја видат светлината на денот, тоа нема да биде првпат „Епл“ да нуди жолт ајфон. Компанијата од Купертино го лансираше жолтиот „ајфон 5Ц“ во 2013 година, потоа „ајфон ХР“ во 2018 година, а потоа и „ајфон 11“ пристигна во 2019 година.