Фото: Пиксабеј

Техно

Досега, снимањето на екранот не беше можно на апликацијата Нетфликс, што ги натера корисниците да користат нелегални софтверски алатки. На тоа му дојде крајот. Нетфликс сега ќе ви овозможи да ги зачувате и повторно да ги споделувате вашите омилени сцени директно со вашите пријатели и следбеници.
Воведена за корисниците на иОС исклучиво во апликацијата Нетфликс, новата функција Моментс им овозможува на корисниците да паузираат содржина, да зачуваат клип од она што штотуку го гледале на нивната сметка, а потоа да го споделуваат на социјалните мрежи, групните разговори и на други места. Зачуваните клипови ќе бидат достапни на картичката Мај Нетфликс и ќе може да се гледаат од моментот кога се зачувани. Новата функција ќе биде додадена за корисниците на андроид во наредните недели.
Манијата за споделување омилени моменти од серии и филмови, односно популарни актерки и актери, започна во средината на 2000-тите во форма на опсесија со ГИФ-ови. Постојат кориснички сметки на Икс и Тикток, кои не прават ништо друго, освен генерирање и споделување на тие клипови, кои привлекуваат милиони прегледи.
Досега, снимањето на екранот не беше можно на апликацијата Нетфликс, што ги натера корисниците да користат нелегални софтверски алатки. Нетфликс ќе објави и серија видеа во кои ѕвездите на Нетфликс ги прегледуваат своите омилени сцени.