Нега и убавина
Спиењето сигурно е едно од омилените задоволства во животот. За повеќето од нас нема поголема награда од онаа да не мора да станеме од топлината на креветот. Сепак, има неколку причини поради кои е добро да се стане порано.
Имате време да се расоните: истражувањата покажуваат дека утринската забавеност трае од два до четири часа. Доколку се будите во 8.30 за да стигнете на работа во 9 часот, најверојатно нема да можете веднаш да почнете со извршување на своите обврски. Ако станете порано, на телото ќе му дадете шанса да успее природно да се расони.
Помал ризик од депресија: ова особено се однесува на жените, бидејќи една студија објавена во „Џурнал оф сајатрик рисрч“ покажа дека жените што се будат порано имаат помал ризик од развивање ментални болести, како депресија, анксиозност, нарушено расположение и друго.
Пооптимистични сте и поуспешни: ранобудниците се помалку склони кон негативни и мачни мисли од оние што стануваат подоцна. Кога се работи за деловен успех, утринските типови се во голема предност, тврди биологот Кристоф Рендлер. Негово истражување, кое опфатило 367 студенти, покажало дека оние што станувале порано добивале подобри оценки. Исто така, ранобудниците имаат поквалитетен сон, имаат повеќе време за себе и се многу поорганизирани.