Нега и убавина
Маникир инспириран од омилените топли пијалаци со ванила ги предводи трендовите оваа есен, а познатите личности и инфлуенсерките се фокусираат на т.н. ванила-чаи. Речиси невидлива, но сепак експресивна, оваа нијанса докажува дека неутралните тонови не мора да бидат монотони.
Сега тоа го потврдија ѕвезди како Хајди Клум, Џенифер Лопез и Селена Гомез, откривајќи ги новите трендови за убавина. Оваа сезона, повеќе од кога било, клиентите сакаат нивните нокти да изгледаат чисто, свежо, да бидат убаво полирани, суптилни и шик. Неутралните тонови доаѓаат како одговор затоа што се многу разновидни и одат со секој стил.
Која е нивната друга предност? Кога распоредот ви е пренабиен и треба да чекате подолго за корекција, растот на ноктите нема да биде толку забележлив како кај потемните нијанси. Значи, колку поедноставно – толку поубаво и попрактично.
Но зошто токму нијансата на ванила им дава посебна привлечност на ноктите? Експертите ја опишуваат како блескава, полупроѕирна, млечнобеж-нијанса, боја што треба да биде за нијанса посветла од вашиот тен, што им овозможува на ноктите малку да се истакнат, но да останат дискретни. Таа докажаа дека класичниот минимализам никогаш не излегува од мода, особено кога е софистициран.
Како да се постигне овој тренд и на што треба да се обрне внимание? Изберете полупроѕирна беж-нијанса, а не розов поттон и не заборавајте го горниот слој што ќе направи гел-лакот да изгледа сјајно и речиси течно.