Нега и убавина

Во актерството зачекори како дете, го освои светот со контроверзниот „Професионалец“ покрај Жан Рено, играше во серија од десетици успешни титули, освои „оскар“, беше муза на дизајнерите и заштитно лице на многу брендови… Всушност, таа постигна толку многу што е тешко да се поверува дека има само 43 години. Стандардите за убавина во Холивуд се сурови, но судејќи по нејзините изјави, Натали Портман не сака претерано да одговори на нив. Таа не е опседната со нега на кожата, но редовно ја чисти и навлажнува.
– Голема привилегија е да старееш! На тоа гледам како на нешто позитивно. За жал, многу луѓе не стареат, па затоа мора да го цените тоа во секое време. Возбудливо е што живееме во ера во која секому му е дозволено да остане интересен во своите четириесетти, педесетти, шеесетти, седумдесетти – вели актерката за американскиот „Ел“.
Нејзиниот метод на нега на лице е во согласност со тоа – без компликации и оптоварувања. Оскаровката Натали Портман неодамна истакна дека кожата на лицето никогаш не ѝ изгледала поубаво, а тоа му го припишува на исфрлањето одредени намирници од исхраната.
– Што се однесува до мојата нега на кожа, јас сум многу едноставна. Всушност користам само средство за чистење и хидратантен крем – вели Портман и објаснува дека пробува разни масажи на лицето, но смета дека е корисно тоа што е веганка цели 12 години.
На прашањето кои специфични производи ги користи, Натали Портман всушност ретко спомнува брендови, најчесто наведувајќи ја нејзината исхрана како најголема тајна за нејзината сјајна кожа.
– Кога станав веганка, мојата кожа стана одлична – вели таа.
Омилена храна ѝ се грав и веге тако, чипс и сос од гвакамоле, лиснато тесто и капучино со овесно млеко. Исто така, не пие многу, никогаш повеќе од една чаша вино.