Нега и убавина
Сите сакаме да имаме убава, густа коса, но широк спектар фактори, од генетика, преку хормони, до исхрана, одредуваат каков ќе биде квалитетот и колку брзо ќе расте вашата коса.
– Здравата исхрана и здравата коса одат рака под рака. И во двата случаја, внесувањето доволно протеини, со фокус на растителната исхрана, ќе помогнат да ги добиете потребните хранливи состојки, антиоксиданти во противвоспалителните процеси врзани за здравата коса – вели експертката за здрава исхрана, Саманта Касети.
Со други зборови, исхраната богата со витамини и минерали помага за побрзо растење на косата и го намалува нејзиното паѓање, кое е поврзано со недостиг од хранливи супстанции. Значи, колку ќе биде здрава косата зависи од количеството протеини, како што се биотин, витамин А и витамин Ц, железо, омега-3 масни киселини, кои ќе ги внесеме со храната. Ако забележите дека губите коса повеќе од вообичаено или дека бавно расте, најдобро е да се консултирате со стручњак. А во меѓувреме обидете се во секојдневната исхрана да вметнете намирници што го поттикнуваат растот на косатa: јогурт, јагоди, прокељ, сардина, јајца, леќа, леблебија, инчуни, туна, црвено месо, јаткасти плодови и семки.