Нега и убавина
Некои навики, за кои воопшто не сме свесни, значително влијаат на квалитетот на косата – и тоа негативно. Дознајте како ја уништувате косата додека спиете. Кога станува збор за убавината на косата, неколку козметички производи не се доволни – потребна ви е сеопфатна нега (вклучувајќи и за време на спиењето). Кои навидум наивни ноќни навики ја прават вашата коса кршлива и сува?
Шампонот само ја мие косата, додека мелемот, маската и маслата ја омекнуваат. Ако по миењето ништо не сте ставиле маска на косата, туку само сте ја исушиле, тогаш триењето врз перницата додека спиете ќе го забрза нејзиното кршење. Регенераторот ја обвива косата, заштитувајќи ја од надворешни фактори, а маслото ја прави косата поеластична и посилна. При изборот на масло, одберете масло од бадеми, арган или семки од грозје – тие длабински ја хидрираат косата.
Не ја менувате навлаката за перница: Честички од кожата на лицето, остатоци од себум по спиење, козметички честички, прашина – сето тоа ја прави перницата едно од највалканите места во вашата спална соба (а можеби и во целата куќа). Кога ќе дојде во контакт со овие отпадни производи, косата побрзо ќе се извалка, па ќе мора почесто да ја миете. Менувајте ја навлаката за перница на секои четири-пет дена, а перницата перете ја на секои три месеци.