Фото: Пиксабеј

Медицински совет

Дали некогаш сте се запрашале колку често треба да ги менувате пижамите? Оваа навидум едноставна одлука зависи од неколку фактори, вклучувајќи ги вашите хигиенски навики, склоноста кон потење во текот на ноќта и навиките за туширање пред спиење. Експертите се согласуваат во една работа – спиењето во чисти пижами е клучно и за да се чувствувате свежо и да бидете здрави.
Според препораките на Американскиот институт за чистење, најдобро е пижамите да се перат по три-четири носења. Меѓутоа, ако се туширате непосредно пред спиење, можете да го продолжите овој интервал. Имено, на чистата кожа има помалку пот, маснотии и бактерии на ткаенината, па долната облека подолго останува свежа.
Од друга страна, за луѓето што многу се потат навечер, експертите препорачуваат да ги менуваат пижамите секој ден. Ова го спречува непријатниот мирис, како и потенцијалниот развој на иритации на кожата предизвикани од бактерии. Интересно е што повеќето луѓе не ги следат овие упатства. Студијата, објавена од „Дејли мејл“, покажа дека мажите, во просек, носат исти пижами две недели, додека жените спијат во исти пижами и до 17 дена! Иако ваквите навики не се невообичаени, експертите предупредуваат дека реткото перење на пижамите може да доведе до развој на поголем број бактерии, што може негативно да влијае на здравјето на кожата и квалитетот на сонот.
Како да се најде рамнотежа? Приспособете ја фреквенцијата на вашиот животен стил. Ако ви се допаѓа чувството на свежина и чистота, можеби ќе сакате да ги менувате секојдневно. Од друга страна, ако имате навика да се туширате пред спиење и не се потите претерано, можете да го продолжите времето. Друг практичен совет е да носите долна облека под пижамите, особено во зима. Тоа ќе помогне вашите пижами да останат чисти подолго.