Нега и убавина

Целулитот е многу чест кај жените. Тешко е да се избегне и откако ќе се појави, нема начин целосно да се отстрани, но, секако, можно е да се намали. Велнес-експертката Викторија Адамс вели дека постојат методи што можете да ги испробате дома. Целулитот е нерамномерен дел од кожата, најчесто на задникот или бутовите, предизвикан од таложење маснотии под кожата.
Масажата на телото е мојот омилен начин за намалување на целулитот, а резултатите може да се видат за само две недели. Можете да ја направите со помош на четка или раце, а треба да се прави неколкупати неделно – вели Адамс.
Како што објаснува таа, механичката масажа на телото ги мобилизира клетките и помага да се ослободиме од масните наслаги. Исто така стимулира проток на крвта, регенерација на ткивата и лимфна дренажа.
Кофеинот што се применува локално може да ги дехидрира масните клетки, а со тоа ги намалува – додава Викторија и советува да го намалите внесувањето преработена храна и воопшто калории, да водите поактивен живот и да изведувате вежби за сила.
И, конечно, обидете се да го контролирате нивото на стрес.
Ако телото е под екстремен стрес, може да произведе вишок кортизол, кој испраќа сигнал до телото да складира маснотии наместо да ги согорува – тврди таа.