Медицински совет

Кора од банана – може доста ефикасно да ги замени специфичните масти и кремови. Доволно е само да се протрие белиот внатрешен слој на кората на подрачјето зафатено со убодот од комарец. За неколку минути отокот ќе се намали, како и чешањето. Освен тоа, коричката го запира крвавењето и го поттикнува зараснувањето на раната.
Босилек – оваа ароматична билка не се користи само за готвење, бидејќи босилекот ја ублажува алергијата предизвикана од убодот на комарец. За да приготвите природен лек, издробете ги листовите и направете смеса додека не се издвои течност со темна боја. Таа има интензивна арома, но и лековити својства, бидејќи содржи камфор и тимол, кои ќе го ублажат чешањето предизвикано од убодот.
Мед – има антибактериски својства и противвоспалителни супстанции, па брзо ја намалува иритацијата на кожата.
Мраз – триење со обична коцка мраз на местото на убодот ги намалува отокот и чешањето.
Млеко и вода – течноста од овие две состојки, во еднакви количества се замрзнува и потоа се става на каснатото место од комарец, ги намалува отокот, болката и чешањето. Истиот рецепт е ефикасен и за изгореници од сонце.