Секој десетти жител има нарушување на тироидната жлезда, а многу повеќе имаат проблем што не е дијагностициран. Тироидниот хормон тироксин е најважниот регулатор на метаболизмот. Мозокот работи и на тироиден хормон, така што премногу од овој хормон не е добро, но не е добро ниту да се има премалку.

Овој хормон е важен и за нормален раст и развој на децата на кои им се пропишуваат тироидни хормони од вториот ден на раѓање. Доколку нема доволно тироксин, доаѓа до раст и развој и ментална ретардација, што ретко се случува. За среќа, скрининг се прави уште од 1980-тите години и е многу успешен.

Секој втор човек има јазол во тироидната жлезда. Тоа не може да се нарече болест, тоа е природна состојба, но проблемот е што пет проценти од овие јазли може да бидат малигни и фреквенцијата на рак на тироидната жлезда се зголемува. Тоа се случува од повеќе причини. Болестите на тироидната жлезда се хронични и луѓето ги имаат во текот на животот, без разлика дали е тоа хипотироидизам или хипертироидизам. Меѓу другото, тоа е голем товар за самиот пациент, но и за целото општество. Кај хипотироидизам симптомите се: несакано слабеење, потење и емоционална лабилност. Кога станува збор за тежок хипотироидизам, кој трае долго, тоа се следните симптоми: жолтило, тапост, тромост, специфичен рапав глас, а психата не функционира добро. Лесниот хипотироидизам е многу тешко да се препознае бидејќи има симптоми што се преклопуваат со симптоми и на други состојби.