Промоција на графичката новела насловена „Некои мали нешта“ на Антонио Аранѓеловиќ, познат и како Тонио Сан, ќе се одржи вечерва, во 20 часот, во Младинскиот културен центар. Авторот ја раскажува својата приказна преку графичка новела од 108 страници (вкупно 112), која ја има изработено во изминативе 18 месеци. Покрај стрипот, вечерта ќе биде одбележана и со промоција на музички видеоспот изработен во соработка со Филмофилска продукција и песна од Тонио Сан.