Катче за родителите (4)
Прашање: Зошто луѓето се разболуваат?
Одговор: Тоа е поради бактериите и вирусите. Тие ситни животинки може да го најдат својот пат во нашето тело кога вдишуваме воздух или преку храната, но и кога ги допираме носот, очите и устата со валкани раце. Во повеќето случаи тие не влијаат на нашето здравје, но понекогаш нашето тело не може да се бори против нив и затоа се разболуваме. Понекогаш луѓето се болни и ако нивното тело не функционира правилно, но таквите болести не може да се предвидат. За среќа, во повеќето случаи одморот и земањето лекови може да ни помогнат побрзо да закрепнеме и да оздравиме.
Што треба вие да знаете: Важно е да ја објасните разликата меѓу вообичаените болести, како настинка и грип, и оние опасните, како канцер. „Децата сакаат да им кажете дека брзо ќе оздрават“, вели советникот за родители д-р Даршак Сангави, автор на книгата „Картата на детето: патувањето низ телото на еден педијатар“.
Објаснете му на детето дека повеќето болести ги погаѓаат старите лица, а оние од кои се разболуваат децата, главно, брзо се лекуваат. Ова е идеална можност детето да сфати дека честото миење раце е од голема важност за да се заштитиме од бактериите и вирусите.