Фото: ЦГТН

„ПH-100“, новото големо товарно беспилотно летало изградено од Авијациската индустриска корпорација од Кина, водечки производител на авиони во земјата,
го направи својот прв лет во средата

Колосален исчекор и во авијацијата

Во соопштението на Авијациската индустриска корпорација од Кина истакнуваат дека „прототипот ’HH-100‘ полета од аеродромот за генерална авијација Лантјан во Ксиан, главниот град на провинцијата Шанкси, во 9.16 часот и остана во воздух девет минути пред да слета на аеродромот“.
За време на пробниот лет, опремата на авионот работела нормално. Дронот бил во добра состојба и ги завршил сите планирани маневри.
„HH-100“ е тип комерцијален товарен авион без екипаж, развиен од АВИЦ-корпорацијата. Тоа е најновиот модел на товарно беспилотно летало што се појави како резултат на процутот на индустријата за брза испорака на нацијата и напорите на Владата целосно да го искористи кинескиот воздушен простор на мала надморска височина.
Со максимална тежина на полетување од два метрички тони, „HH-100“ ќе може да лета 520 километри со носивост од 700 килограми, а уште подалеку со полесни товари.
Моделот со два мотора е дизајниран со максимална брзина на крстосување од 300 км на час и максимална висина од 5.000 метри. Има внатрешен простор од четири кубни метри достапен за товар.
Донг Јианхонг, главниот дизајнер на „HH-100“, рече дека дронот има многу предности, како што се ниските трошоци за набавка, работење и одржување, како и голем капацитет за носивост. Сите негови компоненти се домашно произведени.
– „HH-100“ ќе биде способен да опслужува широк опсег на бизниси, вклучувајќи и транспорт на карго со краток дострел, следење и сузбивање пожари, испорака на итни резерви, релеи за комуникациски сигнал и сеење облаци – рече Донг.
Покрај „HH-100“, АВИЦ дизајнираше и тестираше неколку други модели на беспилотни карго-летала. Најголемиот од нив, „TP2000“, ќе може да носи до два тони товар и ќе има радиус на летот од 2.000 километри. Се очекува да го изврши својот прв лет следната година.