Нов економичен теренец на пазарот на автомобили
Во Кина беше претставен „гили галакси старшип 7“ (Geely Galaxy Starship 7), плагин-хибриден теренец со погодна цена, покрај многубројните квалитетни карактеристики. Основната верзија чини 13.000 евра, а најскапиот модел е 17.500 евра.
Овој своевиден „вселенски брод на тркала“ со средна големина е со димензии 4.740 x 1.900 x 1.680 мм и меѓуоскино растојание од 2.755 мм, додека неговата тежина се движи помеѓу 1.610 и 1.724 килограми во зависност од варијантата на возилото. Ентериерот е опремен со дијагонален дисплеј од 13,8 инчи, табла со инструменти од 10,2 инчи и централен контролен дисплеј од 14,6 инчи.
Произведувачот наведува дека „галакси старшип 7“ има и вештачка интелигенција, која управува со потрошувачката, така што може да предложи гориво или електрична енергија во зависност од условите на патот и потребите.
Погонскиот агрегат се состои од 1,5-литарски „атмосферски мотор“ и еден електромотор. Бензинскиот мотор има моќност од 110 кс, додека електричниот 215 кс. Клиентите можат да избираат помеѓу две верзии на батерии, а исто така доаѓаат со електричен опсег од 55 и 120 километри, соодветно. „Гили“ истакнува дека теренецот троши 3,75 литри на 100 километри, додека вкупниот опсег е 1.420 километри според стандардот ЦЛТЦ. Максималната брзина на возилото е 180 километри на час.