Промовирање соработка, економски раст и развој и интензивирање на врските меѓу луѓето се трите столба на БРИКС

Неодамнешниот подем на БРИКС и развојот на настаните како дедоларизацијата, чекорот за проширување на групата, обидот да се собори Г7 и БРИКС да стане глобален лидер, го означија почетокот на ривалството против Г7, пишува Кашиф Анвар за „Модерн дипломаси“

Преобликување на политичко-економскиот пејзаж во светот

Со текот на годините, многу нации се здружија за да ги постигнат своите заеднички цели и интереси. Бидејќи податоците за економијата и силата на војската имаат повеќе аспекти, во геополитиката е важно да се разберат досегот и влијанието на БРИКС. Во 2023 година, придонесот на БРИКС во глобалниот БДП (31,5 отсто) го надмина оној на Г7 (30,7 отсто) и сега претставува речиси една третина од светската економска активност и стана глас на земјите во развој низ светот.
БРИКС има цел да го преобликува политичко-економскиот пејзаж за да има корист и дополнително да го обликува глобалниот политички и економски поредок за да одговори на своите заеднички интереси. Неодамнешниот подем на БРИКС и развојот на настаните како дедоларизацијата и чекорот за проширување на групата го означија почетокот на ривалството против Г7.

Значењето на БРИКС

Придонесот на БРИКС во глобалниот БДП денес го надминува оној на Г7 и стана нивен значаен и стратегиски конкурент и ривал. Механизмот и структурата на БРИКС работат на промовирање на мирот, безбедноста, развојот и соработката за да се воспостави фер и правичен свет и стана перспектива и, до одреден степен, алтернатива на другите земји да се приклучат на групата. Со тоа што опфаќа 41 отсто од населението на светот, 30 отсто од копнената површина, 31,5 отсто од глобалниот БДП и 16 отсто од меѓународната трговија, БРИКС, денес, повеќе не може да биде игнориран од другите земји. Промовирање соработка, економски раст и развој и збогатување на контактот меѓу луѓето се трите столба на БРИКС. Од 2009 година, блокот работеше и воспостави повеќе од 30 соработки меѓу своите членови и истомислениците. Со комбинираната вредност на БРИКС еднаква на американската економија, блокот стана глас за глобалниот југ (нациите во развој) и се залага за преобликување на глобалниот поредок и реформирање на институциите како ООН, СЗО, СТО и ММФ.

Заложби за БРИКС да стане алтернатива на Г7

Во последниве години, геополитичките иницијативи и чекори на Кина не се само за да направи простор за себе, туку и да се спротивстави на поредокот предводен од САД низ светот. Стратегиските потези како што се иницијативата „Пат појас“, Шангајската организација за соработка, Иницијативата за глобален развој, Глобалната цивилизациска иницијатива и нивното глобално прифаќање ѝ дадоа голем простор на Кина да ги надмине САД во иднина. Во такви околности, растечкото значење на БРИКС и станувањето стратегиски ривал на Г7 стана фокус на другите земји во развој да се усогласат со групата за да го обезбедат нивниот интерес.
Трансформацијата на БРИКС од неврзан блок за економски интерес на земјите во развој во политичка сила за отворено предизвикување на Западот допрва треба да стане реалност. Проширувањето на БРИКС и вклучувањето на шест земји ќе го промени правецот на блокот и неговиот пристап кон глобалната геополитика. Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса тврди дека проширувањето на БРИКС ќе претставува разновидна група нации што имаат заедничка желба, а Индија, Русија, Кина и Бразил го поддржуваат таквиот пристап. Поканата на Бразил до Иран, Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Етиопија и Аргентина да се приклучат на БРИКС во јануари 2024 година ќе ги диверзифицира моќта, позицијата и релевантноста на групата во глобалната геополитика. Вклучувањето на таквите нации го подобрува опсегот на БРИКС, бидејќи присуството на големи резерви на нафта во Саудиска Арабија, Иран, ОАЕ и Русија, кое изнесува 43 отсто од светските резерви и уделот на новите членки во глобалниот БДП, ќе ја зголеми преговарачка моќ на групата во глобалната политика на моќ во наредните години.
За да се разбере таквото проширување, вклучувањето на Саудиска Арабија и ОАЕ ќе ја засили доминацијата на БРИКС во геополитиката на регионот на Блискиот Исток, што ќе го поткопа тамошно предводениот поредок од САД. Неодамна, потегот на Кина да посредува за мировен договор меѓу Саудиска Арабија и Иран го алармираше Западот за намерата на Кина да му се спротивстави. Кинескиот претседател Си Џинпинг, во својот говор за време на самитот, порача дека додека Кина бара проширување на БРИКС, ја нагласува кинеската одбивност кон хегемонизмот и конфронтацијата на блоковите и изрази желба за поправеден меѓународен поредок. Сепак, Кина и Русија гледаат на БРИКС како антипод на доминацијата на Западот и сакаат да ја соборат Г7 како глобален лидер во наредните години. Така, една од целите е употребата на локална валута за трговија од страна на членките на БРИКС и притисокот за дедоларизација на глобалната економија.
Во однос на прашањето БРИКС да стане алтернативен и стратегиски ривал на Г7, промена во глобалната геополитика се случи по избивањето на конфликтот во Украина во февруари 2022 година. Антизападниот наратив и неговото прифаќање добија импулс за да се оддалечат од поредокот предводен од Америка гледано во притисокот за локална валута за трговија за дедоларизација на глобалната економија. Како што војната го обедини Западот против Русија, но го оддалечи од другите, новите сили како Кина и Индија и блоковите како БРИКС зазедоа централно место во глобалната геополитика. Напорот за формулирање на валута на БРИКС доби на интензитет, што ќе влијае на Г7 и на САД во глобалната економија.
Бидејќи подемот на БРИКС во последните две децении е импресивен и несомнен, членките на блокот продолжуваат да тргуваат повеќе со членките на Г7 отколку во блокот. Кина како водечка економија на блокот, нејзината трговија со Г7 (27 отсто) ја засенува трговијата со БРИКС (седум отсто), а таквите аспекти се рефлектираа и во случајот со Индија, Јужна Африка и Русија, со исклучок на Бразил. Вклучувањето нови членови и лансирањето на валутата БРИКС во наредните години ќе го зајакне БРИКС. Бидејќи е политички привлечен за многу земји, во наредните времиња, со нови членки, БРИКС ќе стане стратегиски клучен и алтернатива на Г7 за нациите што се подготвени да се борат со подемот на глобалниот југ и БРИКС.

Заклучок

Ако БРИКС треба да остане релевантен во глобалната геополитика во наредните децении, членовите (постојните и новите) мора да формулираат јасна визија за да ги обезбедат нивните основни принципи и столбови. Проширувањето на БРИКС е добра перспектива бидејќи ќе го зајакне неговиот глас, дозволувајќи му да се впушти во нов домен како вселената и вештачката интелигенција. Сепак, членките на БРИКС треба да ја зајакнат меѓусебната трговија, својата внатрешна економија и Националната развојна банка и да воспостават план што ќе го претстави БРИКС како сериозен играч со намера да одговори на глобалните прашања и закани. Понатаму, БРИКС треба да формира нова институција, како Агенцијата за кредитен рејтинг предложена од Индија, која ќе им користи на другите преку обезбедување алтернатива. Таквиот развој на настаните ќе го зајакне БРИКС и ќе го замени Г7 како клучен играч и посредник во глобалната геополитика.