Употребата на вештачка интелигенција е веќе реалност во многу индустрии, но технологијата има уште поголем потенцијал, како што покажува анализата од „Аксенчр“ и „Фронтиер економикс“. Извештајот предвидува дека трудовата продуктивност во развиените земји може да се зголеми до 40 проценти до 2035 година поради влијанието на вештачката интелигенција. Голем пораст на продуктивноста се предвидува во Шведска, на околу 37 проценти. САД (35 проценти) и Јапонија (34 проценти) исто така се очекува да имаат голема корист од ефектите на вештачката интелигенција. Во Германија и во Австрија, вештачката интелигенција потенцијално може да ја зголеми продуктивноста на трудот за околу 30 проценти во наредните15 години.
Како што напредува автоматизацијата, од индустриите ќе се бараат помалку неквалификувани работници, што ќе отвори прашања што да се прави со овие работници. Според „Меккинси“, 15 проценти од компаниите во глобалната автомобилска индустрија забележале пад поврзан со вештачката интелигенција во нивната работна сила од три до десет проценти во 2019 година. Приближно десет проценти од компаниите дури и го надминале тој број.