Кина го промовира развојот на интелигентно рударство во услови на напори за подобрување на безбедноста на производството, според конференцијата за безбедност на рудниците, пренесува новинската агенција „Ксинхуа“.
– Земјата презеде низа мерки за да го поттикне развојот на интелигентни рудници, што зема сѐ поголем замав – рече претставникот на Националната управа за безбедност на рудниците, Сун Кингуо.
Тој соопшти дека во Кина има 730 рудници за јаглен што се опремени со интелигентни работни површини, а вкупниот број на работни површини достигна 1.400.
– Земјата вети дека ќе го промовира развојот на секторот понатаму со стимуланси, вклучувајќи подобрени регулативи, стандарди и поддршка на политиките. Ќе се направат напори да се охрабрат универзитетите, истражувачките институти, рудниците и научно-технолошките претпријатија да работат заедно за да вршат истражувања и да ја промовираат примената на беспилотно возење и новите енергетски технологии во рудниците со отворен коп – рече Сун Кингуо.