Медицински совет
Прекумерното потење е познато и како хиперхидроза, а настанува поради нарушена работа на потните жлезди. Оваа состојба не е нужно поврзана со високи температури или енергична физичка активност и обично ги погодува дланките, пазувите, стапалата и лицето.
Можен е третман на хиперхидроза. Доколку некои поедноставни методи не помагаат, лекар може да препорача лекови и терапии, а во најлош случај да предложи отстранување на потните жлезди.
Меѓутоа, лекарите од клиниката „Мајо“ предупредуваат дека зголеменото потење може да биде знак за сериозни здравствени проблеми, па доколку заедно со потењето забележите вртоглавица или болки во градите, вилицата, грлото или рацете, задолжително побарајте стручна помош.
Потењето може да биде причина за разни здравствени состојби како што се: хипертироидизам, менопауза, маларија, леукемија, разни невролошки заболувања и инфекции. Затоа, лекарите предлагаат прегледи доколку потењето ви го нарушува секојдневието, создава емоционален стрес и имате ноќно потење без посебна причина.