Домување

„Богатството на полици“ е најновата естетика што го зафати Тикток, а со тоа и светот на ентериерите. Помислете на максимализмот на американската режисерка Ненси Мејерс и сите антиквитети и предмети наредени до купот класици со тврд повез. Отворените полици со книги не се нов стил, но стануваат многу популарни.
– Естетиката на богатството на полиците со книги постои со години. Но од каде сега се појави ненадејната залуденост за собирање и изложување на книгите во домот – вели дизајнерката на ентериери Кејли Блалок, чиј профил на Тикток стана вирален на таа тема.
Според неа, луѓето сакаат да можат да го артикулираат својот уникатен вкус за дизајн, а микротрендовите како овој го овозможуваат тоа. Делот за коментари под нејзиното видео брзо експлодира меѓу тиктокерите (вклучувајќи ги и книжарниците, се разбира). Она што го прави богатството на полиците различен од другите популарни трендови за уредување на домот е тоа што несомнено станува збор за антитренд што првенствено го опишува начинот на живот на секој поединец. Дизајнерот на ентериер од Бруклин, Тејлор Миглиацо Сајмон, објаснува дека богатството на полиците со книги е во основата на органското создавање на збирките книги, уметност и други значајни предмети – со акцент на органското.
– Ако побрзате да купите куп книги или се обидете да постигнете „естетика“ заради некој тренд, тоа ќе изгледа неавтентично. Она што многумина ги привлекува кон овој тренд е тоа што создава природен шарм на дом што е пријатен, а не ладен и стерилен – смета Сајмон.
Како да ја нагласите естетиката на „богатството на полицата“ во домот? Доколку сакате сами да го креирате овој тренд, дизајнерите на ентериер имаат неколку предлози за вас. Измешајте стилови, спојте ги и направете го просторот (малку) неуреден.
– Животот не е совршен, па не треба да бидат ниту нашите животни простори. Со други зборови, полиците треба да бидат само малку „неорганизирани“. Она што ми се допаѓа во овој тренд е тоа што треба да се оддалечите од оние многу уредни и претерано исполирани ентериери – рече Марија Валдез, дизајнерка на ентериери од Барселона.
Таа предлага и игра со пропорции. Не ви треба полица за книги со корици координирани во боја како на фотографиите на Пинтерест. Комбинирајте го декорот, играјте си со дезените и внесете живи елементи во вашиот животен простор.