Креативно катче

Јас сум археолог и знам многу работи за историјата и праисторијата. Еден ден неочекувано се разбудив во камено време. Бев збунет каде сум, личеше како да сум во џунгла или во прашума. Одеднаш чув дека нешто крцка и шумоли во листовите. Таму беа луѓето од племето што ме чуваше во тој тек на времето. Ме однесоа во нивниот камп каде што сите работеа, некој остреше оружје, правеше алати и орудија, друг ги подучуваше децата, трет печеше месо… Без да почувствувам, стигнала ноќта, па отидов да спијам. Домот во тоа време ми беше шатор од крзно и кожа од уловени животни.
Следниот ден пред мене се најдоа нова животинска кожена облека и остро копје и потоа се упативме на лов. Сите од племето се однесуваа примитивно, а оружјето за лов беше направено од камен и дрво. Едвај се разбирав со другите со помош на знаци и мимики. На половина пат, скриени во долга висока трева забележавме мамут, но само што не го фативме, бевме нападнати од сабјест тигар. Тигарот скокна врз мене, но, за голема среќа, воините го исплашија со оган, па го избодеа со копјата. Еден од пештерските луѓе го зеде сабјестиот тигар, а ние другите продолживме со ловот. Тогаш го забележав мамутот и замавнав со копјето, погодувајќи го право во вратот. Мамутот се стресе и во следната секунда тресна на земја.
За вечера немавме супа, макарони или нешто слично, туку мамутско месо. Слушав приказни од постарите членови на племето, па иако не го разбирав јазикот, им ги разбирав мимиките и криците со кои раскажуваа за борбите. Потоа легнав во мојот шатор, се покрив со крзно од истиот сабјест тигар и заспав додека го слушав огнот како крцка. Следното утро се разбудив во нашиот свет и заклучив дека каменото време било многу посурово од нашето сегашно време.

Напишал и илустрирал:
Андреј Тулбевски,
петто одделение
ООУ „Јан Амос Коменски“-Скопј