Нега и убавина

На косата секогаш ѝ е потребна нега, а најдобра е онаа на природна основа. Ви препорачуваме маска со јајца и млеко, која можете брзо и лесно да ја приготвите дома. Многу е ефикасна во борбата против опаѓањето на косата, го стимулира нејзиниот раст и ѝ дава сјај и мекост. Ќе ви требаат: јајце, чаша млеко и по две лажици сок од лимон и маслиново масло.
Изматете го јајцето, додајте ги другите состојки и сè убаво измешајте. Нанесете ја маската на косата, од коренот до врвовите, и масирајте неколку минути. Исчешлајте ја косата, за да се нанесе маската рамномерно, ставете капа за туширање на главата и држете ја маската најмалку еден час или прекуноќ. Исплакнете ја косата со млака вода, а потоа измијте ја со шампон.
Некои жени нанесуваат маска само од свежи јајца, но кога ќе ги помешате со сок од лимон, маслиново масло, мед, млеко, добивате вистинска витаминска бомба за вашата коса. По само седум дена користење ќе забележите дека косата ќе ви биде мазна, но и поцврста. Имено, сите овие состојки влијаат на квалитетот на коренот на косата, па косата ќе биде поздрава. Ќе ги добиете сите придобивки од протеините и антибактериските својства за да помогнете во спречување на чешање и губење на косата. Можете да ја користите маската два-три пати неделно за да го направите ефектот што е можно повидлив.