Неколку корисни совети околу грижата за вашето милениче
Голем број семејства на летување ги носат своите миленици бидејќи и тие како и ние луѓето заслужуваат одмор, нов амбиент, сонце и контакт со вода (река/море/езеро). Ќе наведеме неколку совети што ќе ви помогнат при подготовката за летување со вашите кучиња или мачки. Бидејќи и децата имаат одговорност за нивното чување, се надеваме дека ќе прифатите некои од нашите совети, а со тоа ќе им помогнете и на родителите.
Соберете ја потребната документација
Домашните миленици, како и луѓето имаат свои пасоши што им овозможуваат да патуваат во рамките на ЕУ, но и на други континенти. На пример, при патување на дестинации во Европската Унија, законските обврски предвидуваат носење микрочип или т.н. транспондер, ветеринарно-здравствен сертификат, како и доказ за вакцинација против беснило.
Треба да го поседувате и пасошот за домашни миленици со регистарски број и фотографија на миленичето, која е важна при проверката од страна на службениците на граничните премини.
Подгответе го миленичето за пат
Не ги сакаат сите кучиња и мачки долгите патувања. Најчестите причини за одбивноста се анксиозноста, стресот и мачнините од патувањето, па затоа можете да започнете со мал тренинг уште пред да тргнете на пат.
Имено, проблемите со патувањето во поглед на мачнината што би ги чувствувале кучињата би била надмината за околу една година. Но не терајте го кучето со сила, туку наградувајте го секогаш кога ќе сака да влезе во вашето возило.
Исто така, добра идеја е да го врзете кучето бидејќи при патување со возило шоковите од патот можат да бидат драстично намалени, бидејќи движењето е лимитирано. Дополнителна причина е безбедноста.
Консултирајте се со ветеринар во врска со храната
Во зависност од тоа дали станува збор за мачка или за куче треба да се земе предвид и расата, секогаш консултирајте се со вашиот ветеринар, кој го познава карактерот на вашето милениче.
На пример, ако патувате со мачка, храната не би била некој поголем проблем, ниту водата, бидејќи при патување, тие би имале потреба онолку колку што во просек бараат. За кучињата, ова е малку комплицирано.
Имено, некои раси кучиња имаат потреба од ваша поголема експресија на емоции, галење, како и неможност да стојат во еден простор подолг период.
Наедно, направете и тестови дали сѐ е во ред со домашното милениче во поглед на здравјето, особено пред одење на годишен одмор.
Не претерувајте со хранењето пред патување
Многу сопственици сметаат дека приготвувањето храна за кучето или за мачката пред подолг пат е добра идеја, бидејќи тоа значи дека животните нема да бидат гладни. Но она што се заборава е фактот дека полн желудник во комбинација со долго патување значи и можни тегоби. Поради тоа, немојте да одите над дозволената доза за храна, бидејќи тоа ќе ви помогне и вам и на кучето да имате многу покомфорно патување.
Резервирајте апартмани што дозволуваат присуство на домашни миленици
Ова е златното правило што треба да го почитува и да го знае секој сопственик на домашни миленици, бидејќи во Европа, не секој апартман, куќа и вила, стан или хотел нудат можност за чување домашни миленици.
За да не одите на непроверено, најпрвин контактирајте со сопственикот или барајте исклучиво апартмани или хотели што имаат ознака дека прифаќаат домашни миленици.
Понесете ги омилените играчки на миленичето
Омилените играчки на вашите домашни миленици ќе придонесат за зголемување на нивната радост при патувањето, па дури и за елиминирање на анксиозноста, која често се јавува кај одредени раси.
Што треба да избегнувате?
Доколку се работи за кучиња, ве советуваме да избегнувате прошетки кога е претопло и на места што се многу жешки – асфалт или песок, бидејќи тоа може да има последици по здравјето на вашето милениче.
Имајте предвид дека постојат одредени раси кучиња што воопшто не толерираат топлина, а прекумерната изложеност на сонце може да доведе и до нивен колапс. Кога станува збор за мачките, тие имаат многу поголема отпорност кон високите температури и топлината. Но ако температурите надминуваат над 37,7 степени, тогаш е потребно да се погрижите мачките да бидат под сенка, бидејќи големи се шансите и тие да доживеат срцев удар.