Драги деца, во годината кога „Колибри“ го одбележува својот 65-ти роденден одлучивме на креативен начин и вас да ве вклучиме во прославата.
Од денеска до 15 јуни испраќајте ни ликовни и литературни творби на тема: „Херојот по кого мојата улица го добила името“. Се разбира, најдобрите три раскази или песни и најдобрите три цртежи ќе ги наградиме со книги, повеќе за деталите во следниот број, и секако ќе ги објавиме во „Колибри“.
Вашите творби испраќајте ги по електронски пат на адресата:
[email protected].

Со нетрпение ги очекуваме и им се радуваме!
Ве сака вашиот пријател и верен сопатник „Колибри“.