Драмскиот театар известува дека билетите купени на билетарницата за претставите откажани поради немилиот настан во Кочани ќе може да се заменат за друга претстава по избор. Притоа, како што велат, за секој билет ќе се добие уште еден бесплатен билет за претставата, исто така, по избор.
Исто така, една од опциите е да бидат рефундирани средствата за билетите. Рефундирањето ќе започне во вторник, 25 март, на билетарницата на Драмскиот театар – Скопје.