Ѕвездени ѕвона
Снегулки снежни
Под небо нежно
Паѓаат, ѕвонат

Во срцата детски
Ѕвездичка паѓа
Во нив Христос
Мал, одново се раѓа

Детските гласови
Ѕвездени ѕвона
Тихо и славно
Во литија словат

Роди се Христе,
роди се Боже
роден биди,
во нашите срца
Исусе Христе
запали оган
топло да биде,
запали оган
светлост да трае,
запали оган
од чисто да сјае!

Исусе Христе, Сине Божји
Во дланките наши
Ѕвездена прашина сипи
На дланките наши
Испиши песна
Верен стих за Твојата љубов
Нежна и лесна!

Ѕвезда на небо ѕвони,
Песна пред Божик
од детски грла се ори,
распеани детски усни
со песна Бога го слават!
Роди се Христе, роден биди!
Нашите срца песна ти пеат,
Те слават, празнично бдеат!

Христос се роди
Навистина се роди!

Вера Симовска