КОЈ КРАДЕ ИСТОРИЈА? (3)

Народот вели „кој лаже тој и краде“. Обично краде сиромавиот од оној што има (од богатиот). Така е во животот, но исто е и во историјата и цивилизациските достигнувања во антиката. Тука има многу нелогичности, подметнувања и лаги, особено од германско-нордиската школа, на чело со Дројзен. Тие ги промовираа хеленистичкиот период, хеленистичката култура и античка Грција како лулка на европската цивилизација, писменост и култура. Во што се состои подметнувањето? Во тоа што записите на новокомпонираните (официјални) историчари од XIX век дијаметрално се разликуваат од она што го запишале античките автори. Што мислите, каде е вистината? На изворот кај античките автори или кај новокомпонираните историчари? Затоа лагите многу лесно се откриваат. Јас со децении им нудам на нашиве сервилни научници, кои слепо го следат Дројзен, да одберат дваесетина најголеми цивилизациски достигнувања од антиката и да посочат барем еден антички автор што тоа им го припишува на Атињаните, Тебанците, Коринтјаните… Одговор до денес не сум добил, а одбиваат дебата по овие прашања. Причината е едноставна. Сѐ што е цивилизациско достигнување, античките автори им го припишуваат на „варварите“ од север и пошироко, а кој живееше на север од Хелените знаат и децата.
Поради скудност на просторот ќе се осврнам само на некои:

Најславниот период од македонската историја (336 до 31 год. пр. н.е.), официјалниве го именуваа како хеленистички, а периодот пред и потоа како предримски и римски период. Македонски, се разбира, нема. Објаснувањето од нашиве врвни историчари Фанула Папазоглу и Наде Проева, кои слепо го следат Дројзен, е дека хеленистичката култура е мешавина од источната, македонската и хеленската, па затоа тој период е именуван како хеленистички. Но тука се поставува прашањето што има хеленско во хеленистичкиот период, кога добро се знае дека државното уредување во империјата било македонско, проектот на универзална држава на рамноправни народи, јазици и религии и обединувањето на народите е македонски проект. Напротив, хеленските полиси се робовладетелски.

Велат, Александар ширел грчка култура на грчки јазик. Тука веднаш се поставува прашањето на кој грчки јазик.

На класичниот грчки, оној што го донесоа од Египет?
На коине јазик и писмо? Првиот есперанто јазик, за кој К.К. Руф вели дека е еден туѓ неразбирлив јазик и за победниците и за победените. Од неразбирливи причини Западот го прогласи за коине грчки јазик и писмо.
Или на Хомеров грчки јазик? Имено, Хомер не пишувал ниту на класичен грчки ниту на коине грчки, туку на некој трет јазик, па западнава наука го прогласи за Хомеров грчки. Ова се вели наука, јазик и писмо што го користел само еден човек
Покрај овие постојат и демотики, катаверуса и реформиран коине новогрчки јазик.
Нашава наука ќе мора да одговори на две прашања:
Како е можно еден народ со пет јазици?
И кои од овие пет грчки јазици го користел Александар за ширење „грчка“ култура?
Официјалните историчари велат дека Хомер е Грк и пишувал на грчки јазик. Но и во овој случај античките автори запишале нешто друго:

Според Диодор од Сицилија, Пронапид, учителот на Хомер, пишувал со пелазгиски букви на пелазгиски јазик.
Античкиот автор Елијан (Алијан) запишал дека Хомеровите епови се напишани на бригиски (фригиски) јазик, а Бригите се најстарото македонско племе.
Плутарх во животописот за Ликург (III и IV) тврди дека Хомеровите епови биле непознати за Хелените сѐ додека не ги открил и превел Ликург. Овде се поставува прашањето зошто се преведувани ако се пишувани на „грчки“.
Западот промовира античка грчка митологија од планината Олимп. Притоа, како да забораваат дека дури тројца антички автори (Теофраст, Страбон и Хесихиј) забележале дека Олимп е македонска планина. Забораваат и дека Херодот (II – 50) запишал дека Хелените си ги донеле имињата на боговите од Египет, а оние што не се од Египет ги примиле по име од Пелазгите. Затоа мнозинството боговите имаат венетска (словенска) етимологија.
Официјалната наука вели дека Македонците биле неписмени, со исклучок на царскиот двор, каде што се користеле „грчкиот“ јазик и писмо. И во овој случај древните автори запишале нешто сосема друго:

Видовме од претходно изложеното дека цел Балкан е населен со Пелазги (од генот на Венетите), а според приложените цитати тие се писмени народи.
Сите познати писма се дешифрирани со помош на венетските (словенските) јазици:
Хититското писмо е дешифрирано од Чехот Беджих Хрозни, со помош на чешкиот јазик.
Дискот од Фест на Крит го дешифрира рускиот академик Гриневич со помош на рускиот јазик.
Етрурското писмо е дешифрирано од професорите Р. Пешиќ и С. Билбија со помош на српскиот јазик.
Каменот од Розета е дешифриран од академик Т. Бошевски и професор А.Тентов, со помош на македонскиот јазик.
На европскиот континент постојат четворица родоначалници на писменоста. Тоа се:
Лин – учителот на Орфеј и Тамир, но и на Херакле. Најверојатно е од градот Лин, на полуостровот Лин, на западниот брег од Охридско Езеро. Живеел, работел и умрел во соседната Теба, под Плаќенска Планина.
Орфеј – син на една од музите, внук на Македон. Седиштето на музите е Пиерија, област во срцето на македонската држава. Нивниот култ го воспоставил Пиер Македонецот, син на Македон. За жал, се изучува (без основа) како дел од „грчката“ митологија.

Хермес – според Плутарх („Изида и Озирис“ ————) е оној што го однел писмото во Египет. Градот на Хермес е Хермелија, на 5 километри од Охрид. Тој е творец на тајните учења познати како „Корпус херметикум“. Тие се однесени од Охрид во Фиренца од Леонардо ди Пистоја во 1460 г., по налог на Козимо Медичи – дук на Фиренца. Ова го потврдуваат повеќе италијански научници. За нас особено е интересен записот од арапскиот научник Ал Масуди, кој тврди дека Хермес е татко на Словените.
Четвртиот е Кадмо Феников. Според Аполодор и Павсанија, Кадмо е легендарниот основач на Теба под Плаќенска Планина, а според Кристодор од Копт основач на Лихнид, денешен Охрид.

Забележувате дека сите четворица се од охридско-струшкиот регион. Таткото на историјата Херодот (V-58) вели дека токму Кадмо го донел писмото, кое го изумил неговиот татко Феник (Фениус), кое подоцна го презеле „Грците“ (Хелените). Клеменс Грубишиќ во Венеција во 1766 г. забележал дека Феник е Скит (Венет). Каков апсурд!? Излегува дека Македонците добиле колективна амнезија, по која го заборавиле своето писмо, па го користеле „грчкото“.
За среќа, има објективни автори што ја забележале вистината:
Ѓакомо Грималди во 1617 г. во својот каталог под реден бр. 52 забележал две икони во црквата „Св. Петар и Павле“ во Рим, од првите векови по Христа, на кои е забележано „Образ господњи на убруз“ и имињата на светците со словенско писмо.
Персискиот историчар Хорезма Фахрудин во „Историја на Хазарите“ вели дека Хазарите го презеле писмото од Словените во почетокот на VIII век.
Полскиот крал Болеслав Храбри во 1018 г. го зазел Киев, каде што во Десјатинската библиотека нашол летопис „Великое летописание“ и библија во ракопис, се разбира на словенски јазик.

Од многуте други достигнувања запишани од античките автори, ќе набројам неколку: првите музеи се од Птоломеите во Египет, првата музичка скала е Бригиската, првата театарска претстава во Атина ја одржал Теспис, кој дошол од север на дрвена кола, први ковачи на железо биле Скитите…
Најексплоатиран македонски симбол е сонцето. За него најголемиот познавач на митологијата Р. Грејвс во својата книга „Грчки митови“ на 28 страница вели: „Официјалните олимписки култови биле сметани како негрчки (Херодот), па според тоа и непатриотски, а Аристофан сонцето го нарекува „стар никаквец“. Нашава официјална наука ќе мора да одговори кога сонцето стана „грчки“ симбол.
На крајот нешто за грчкиот мит наречен „Античка Грција лулка на европската цивилизација“. Ќе наведам само два цитата што ја разобличуваат лагата:
Туќидит (V век пр. н.е.) во „Пелопонеските војни“ во книга прва глава 5 еве што вели за лулката на европската цивилизација: „Хелените се оддале на гусарење, не само што не се срамувале од тоа туку се гордееле и од тоа живееле“.
Робер Фласелјер во својата книга „Грција во времето на Перикле“, врз основа на античките патеписци, еве како ја опишува Атина: „Куќи од плитар, тесни улици колку да се разминат две магариња, нема поплочени и осветлени улици, нема водовод и канализација, штом падне мрак, сите дома поради страв од разбојништва“. Споредете го ова со македонските градови Бела, Дион, Антиохија и Александрија, каде што има широки авении, поплочени и осветлени улици, по два водовода (за топла и ладна вода), две канализации (атмосферска и фекална). Еве што понатаму вели Фласелјер: „Слободата на мислење и изразување никаква, жената без политички права, град со 200.000 граѓани и 300.000 робови (вкупно 500.000), од тоа само 20 проценти слободни граѓани. За слободните граѓани било недостоинствено (срамно) да работат. Работеле робовите и доселениците. Филозофи, учители и занаетчии биле доселеници. Полицајци биле Скити, а Атињаните се занимавале само со политика. Доселениците и Атињаните не биле еднакви пред законот“.

Што мислите, каде е лулката на европската цивилизација? Тоа се фактите а читателот сам нека оцени кој краде историја.

Љубе Христовски
(Дардан Венетски)
ПРОДОЛЖУВА…