Во 2026 очекувам раст на платите, од девет до десет проценти, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница одговорајќи на пратенички прашања изјави дека очекува следната година да продолжи досегашниот тренд во растот на платите и тој да изнесува во просек меѓу девет и десет проценти. -Во буџетот се предвидени средства за сите оние буџетски корисници за коишто е предвидено зголемување согласно колективните договори, такви се во здравството, во образованието. Претпоставувам...

Уставен суд: Сè уште не е донесена конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите, во тек е втората фаза од постапката

Уставниот суд информира дека сè уште не е донесена конечна одлука за предметот кој се однесува на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, познат во јавноста како линеарно зголемување на пензиите. Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година со мнозинство гласови, изразил сомнеж во уставноста на членот 2...

Земени се примероци и дополнително се прават и други анализи кои не се поврзани со храна и вода, истакна Андоновска

Досега имаме 20 пријави за деца од кои седум по епидемиолошките анкети се изјаснуваат дека воопшто немале контакт со кујната во училиштето. Овие 20 пријави се само од деца, имаме телефонски дојави од четворица учители од тоа училиште, но немаме се уште официјално пријава од нивна страна. Ако земеме предвид дека има и многу мали ученици не знаеме колку...

На полниќ поевтинува дизелот

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5 денари за литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството  се намалува за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26 отсто. Новата малопродажна цена...

Државниот пазарен инспекторат ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај трговците за „Блек фрајдеј“

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по повод најавените продажни поттикнувања „Блек фрајдеј“ акции ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата. Целта е, посочуваат од ДПИ, да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики, како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти. -Апелираме до сите трговци да обезбедат фер...

ИПАРД 3 Програмата не е загрозена, активностите течат според планираното, истакна Трипуновски

Активностите во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се одвиваат согласно планираната динамика, а ИПАРД апликациите се во фаза на евалуација - истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на собраниската седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашањето поставено од пратеникот Бојан Стојановски. Министерот нагласи дека веднаш по сознанијата за злоупотреби од страна на...

Поради иницијатива на уставна судијка, над 70 проценти од пензионерите ќе земат помала пензија, тоа е неправда за нив, истакна Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави дека повеќе од 70 проценти од пензионерите од следниот месец ќе добиваат помали пензии поради иницијативата на уставната судијка, а за што одлуката е веќе потпишана. - Точно е тоа дека е покрената постапка пред Уставниот суд и точно е дека таа судијка за којашто сите зборуваме, којашто беше архитип на неправдата во...

Капиталните инвестиции главен фокус за 2026, тие да бидат двигател на економијата, а целта е раст на БДП од над 4 отсто, истакна Мицкоски

Главен фокус на Владата за следната година ќе бидат капиталните инвестиции и се очекува тие да бидат главен двигател во економијата, исто како што се и оваа година, како што од 3 отсто дојдовме на 3,4 отсто од БДП, а за третиот квартал се очекува и повеќе имајќи предвид дека само во градежништвото има раст поголем од 34 отсто...

Тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство спроведуваат вонредни контроли во кујните на девет основни училишта во Карпош

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека денеска нејзини инспекциски тимови спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на девет основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготовка на...

Пензиите ќе бидат исплатени и ќе има покачувања согласно законските прописи, истакна Велковски

Пензиите ќе бидат исплатени и тоа скоро ќе се види, потенцираше денеска заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски во одговор на пратеничко прашање на Јованка Тренческа од СДСМ. - Немој да сеете страв дека Пензискиот фонд бил пред колапс, дека немало да има пензии на 1 декември. Сето тоа се лаги и ќе биде демантирано за само...