Путин: Американска делегација следната недела во Москва на разговори за војната во Украина
Претставници на САД се очекуваат во Москва во првата половина од следната недела на разговори за ставање крај на војната во Украина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Тој ова го изјави на крајот од посетата на Бишкек, главниот град на Киргистан.
Путин рече дека руската страна ќе ја претставуваат претставници на Министерството за надворешни работи и на Претседателската канцеларија, додавајќи...
„Црнила“ премиерно во прилепскиот театар
Театарот „Војдан Чернодрински“ - Прилеп ќе ја изведе претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски. Утре ќе се случи претпремиерата, а задутре премиерата (29 ноември) на претставата.
Тоа беше поводот и за денешната прес-конференција, на која директорката на ЦК „Марко Цепенков“, Марија Попова Јованоска, рече дека ова е втора премиера годинава, но воедно претстава што носи силна...
Министерството за енергетика и ЕБОР ги финализираат стратешките проекти за 2026
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која беше потврден силниот заеднички фокус кон унапредување на енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата.
На средбите, како што се наведува во соопштението од Министерството, се разговарало за неколку стратешки проекти што ќе започнат...
ЕУ не ќе може да се движи кон иднината, ако живее во теми од пред неколку векови, порача Василевска во Стразбур
Европскиот континент не ќе може да се движи кон иднината, доколку живее во теми од пред неколку векови, истакна македонската пратеничка и копретседавачка со Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Македонија, Иванка Василевска на дебатата во Стразбур за перспективите за пристапните преговори, добрососедските односи, регионалната соработка и регионалната стабилност.
- Ја прифаќам секоја добронамерна и структурна критика, која ќе помогне и...
Хеликон пред микрофон: читање антички стихови и современа македонска поезија со одгласи на антиката
На 28 ноември 2025 (петок), со почеток во 12.00 часот, во аулата на Филозофскиот факултет во Скопје ќе се одржи поетскиот настан „ХЕЛИКОН ПРЕД МИКРОФОН: читање антички стихови и современа македонска поезија со одгласи на антиката“, во организација на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет. Настанот е дел од серијата настани што Филозофскиот факултет оваа година ги организира...
Одржан состанок за спречување на појава за слечиште на Водно, од Владата побарано да се интервенира на приватен имот
Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната опасност од негово понатамошно ширење, по иницијатива на Општина Центар бил одржан итен координативен состанок на кој учествувале градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, претставници на ЦУК, ДЗС, ДИГУ-Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, МВР, ИЗИИС, Град Скопје, Градежен...
Реформите продолжуваат, Македонија заслужува да ги почне преговорите, истакна Василевска
На вториот ден од 24. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Европска Унија – Македонија, што се одржува во Европскиот парламент, во Стразбур, Франција, со кој копретседаваат пратеничката проф. д-р Иванка Василевска и европратеникот Карло Реслер, пратениците од Собранието на Македонија и европратениците од Европскиот парламент, како што информираат од собраниската прес-служба, се фокусираа на перспективите на пристапниот процес, добрососедските...
Макрон најави воведување на доброволна воена служба
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска најави дека од следното лето ќе биде воведена воена десетмесечна служба на доброволна основа и „исклучително на француска територија“.
Според него, до летото 2026 година предвидено е да се пријават 3.000 млади лица на возраст од 18 до 19, а до 2035 година нивниот број да достигне 50.000 луѓе годишно.
Макрон пред припадниците на 27-та...
Најмалку 65 загинати во пожарот во Хонг Конг, многумина сè уште се водат како исчезнати
Бројот на загинати во пожарот што зафати неколку станбени висококатници во Хонг Конг се зголеми на 65 лица, соопштија локалните служби за итни случаи.
Уште 70 лица се повредени во пожарот во областа Тај По, вклучително и 10 пожарникари. Точниот број на исчезнати не е познат, иако властите претходно проценија дека 279 лица се водат како исчезнати.
Седум од осумте висококатници...
Во 2026 очекувам раст на платите, од девет до десет проценти, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница одговорајќи на пратенички прашања изјави дека очекува следната година да продолжи досегашниот тренд во растот на платите и тој да изнесува во просек меѓу девет и десет проценти.
-Во буџетот се предвидени средства за сите оние буџетски корисници за коишто е предвидено зголемување согласно колективните договори, такви се во здравството, во образованието. Претпоставувам...









































