Силна поддршка за македонското малцинство во Албанија на европско ниво

ФУЕН ја усвои резолуцијата на Македонците во Албанија - порака до Европа за заштита на малцинствата Резолуцијата поднесена од македонското друштво „Илинден“ - Тирана беше едногласно усвоена на генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), одржано на 69-от конгрес во Болзано, Италија. Резолуцијата не е само декларативен акт - таа е официјален документ усвоен од најголемата европска...

НЕЗАПИРЛИВАТА ПОТРАГА ПО ИДЕНТИТЕТОТ

(Кон претставата „Слепци“ по драмскиот текст на Морис Метерлинк и прозата на Амин Малуф, во режија на Ќендрим Ријани и во продукција на Турскиот театар од Скопје. Главни улоги: Сузан Албелге, Хакан Даци, Јеткин Сезаир, Џенап Самет, Слаѓана Вујошевиќ и др.) Секогаш кога го читаме Морис Метерлинк имаме чувство дека со неговиот текст тој се вовлекува во нашиот духовен...

Лазаров го објави поширокиот состав за деветтиот настап на Македонија на ЕП

РАКОМЕТ Македонија, која на ЕП 2026 во групата Б ќе игра со Данска, Романија и со Португалија, 18-ти пат ќе игра на големите натпреварувања (ЕП и СП), а 15-ти пат во низа. Селекторот објави список со 35 ракометари што ќе конкурираат за настап на претстојното Европско првенство, чии домаќини се Данска, Шведска и Норвешка Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров,...

ГЕРБ е подготвена за предвремени избори ако не можеме да го усвоиме буџетот, вели Борисов

Бугарската владејачка партија -ГЕРБ денеска соопшти дека е подготвена за одржување предвремени избори, по масовните протести во земјата и барањето на бугарскиот претседател Румен Радев за итна оставка на владата поради неуспехот да се одобри буџетот за 2026 година. - Повеќе нема да се придржувам и молчаливо да прифаќам секакви луди барања во врска со несомнено лошо структурираниот буџет за...

Подготвени сме да издржиме политички удар и критики за да спасуваме животи

Премиерот Мицкоски поддржува проширување на системот „Безбеден град“ низ целата држава Премиерот Христијан Мицкоски апсолутно ја поддржува применета на проектот „Безбеден град“, како и негово проширување на целата територија на Македонија, нагласувајќи дека е подготвен да издржи критики и политички удари доколку тој систем спаси макар и еден човечки живот. - Некои велат тоа ќе донесе критика за Владата и силен...

Со вештачка интелигенција до револуција и во уметничкото лизгање?

Апликација, управувана од вештачка интелигенција, служи за помош на спортистите на тренинг, а можеби еден ден ќе помогне во бодувањето на натпреварите Американскиот уметнички лизгач Ендру Торгашев неодамна беше на камп организиран од Американската федерација за уметничко лизгање, каде што проба скок со четири вртења, најлесниот од шесте основни скока во лизгањето, но четирите вртења ја зголемуваат тежината. За...

Апел за реципрочно признавање на Македонците во Бугарија, неопходен услов за вметнувањето на Бугарите во македонскиот устав

ОМО „Илинден“ со свое становиште за прашањето за уставни измени Вметнувањето на Бугарите во македонскиот устав без реципрочно признавање на македонско малцинство во Бугарија, за што декларативно досега се залагала Македонија, би значело откажување од барањата за правата на Македонците во Бугарија. Ова е ставот на ОМО „Илинден“ за барањето од страна на Бугарија и ЕУ до Македонија за...

Високотехнолошкиот систем треба да биде само надградба на добро функционална елементарна сообраќајна инфраструктура

Камерите од „Безбеден град“ се добредојдени, но неопходен е целосен, холистички и интегрален пристап за безбедност во сообраќајот во полн капацитет Додека се тестира системот „Безбеден град“ би требало во тест-периодот да се посочи и на некои слабости, велат нашите соговорници, сообраќајни инженери. Имено, забелешката е дека во првиот момент на тест-имплементацијата, „добрата идеја се судира со несоодветна сообраќајна...

Двете национални селекции ќе играат во Европската лига в година

ОДБОЈКА Европската лига од 2026 година ќе го замени квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2028 Втора година во низа машката и женската сениорска репрезентација на Македонија ќе учествуваат во Европската лига во одбојка в година. Извршниот одбор (ИО) на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) одлучи да се задржи континуитетот на А-селекциите во ова натпреварување, кое од 2026 година ќе...

Ќе ме кикнеш или да ливнам?

Буквално ќе исхендлам ако ме кикнеш, бидејќи и онака сакав да ливнам. Оваа реченица изговорена од една млада личност ме остави без зборови, долго прашувајќи се што значи сево ова и каде ли јас живеам. Оваа чудна појава често ме тера да се запрашам дали живеам во Белград, Лондон или во некое друго подалечно место. Сѐ почесто меѓусебните разговори...