Препечен леб за добро здравје
Тостот има поинаква нутритивна вредност, а со тоа и големи предности. Тостирањето на лебот веќе е редовна појава во домаќинствата низ светот, но колку всушност знаеме зошто го правиме тоа. За многумина, тостирањето на лебот е најдобриот начин да се стави путер на топлиот леб. Други јадат тост затоа што ја сакаат неговата крцкава текстура. Сепак, постојат некои придобивки...
Засилени контроли на градилишта во Општина Аеродром, изречена казна од 1.300 евра за непочитување на законот
Општина Аеродром изрече парична глоба од илјада евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма поради прекршување на Законот за јавна чистота, информираше општината.
- Санкциите следат по извршена контрола, при што инспекциските служби утврдија дека од градилиште во непосредна близина на ПС Аеродром во Ново Лисиче во сообраќај се вклучувале возила со валкани гуми, со...
Скриените белези од стариот манастир
Мистична Македонија: Музеј под отворено небо
Фељтон на „Нова Македонија“ според документарните серии и филмови на продукцијата „Аристон“ и книгата „Mystical Macedonia: An Open Air Museum“, објавена на „Амазон“ од Никола Ристевски, магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент
Возвишението Ѓуриште е идеална локација за археолошки, духовен, рурален и пејзажен туризам и располага со непроценливо културно наследство и огромни природни ресурси. Селата...
Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама
Поранешната шефица за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, и уште две лица се ослободени откако беа приведени на сослушување во истрага за измама, соопшти денеска Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (EPPO).
Тројцата осомничени беа известени за обвиненијата против нив, кои вклучуваат измама во јавните набавки, корупција, судир на интереси и кршење на професионална тајна, се вели во соопштението.
Лицата беа...
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2025/2026
Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од...
Дали денес, по 150 години, Ана има шанса да победи?
Праизведба на драмскиот текст „Анна“ од Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ
На малата сцена на театарот „Комедија“ денеска премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Анна“, според истоимениот драмски текст на Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ. Станува збор за праизведба на текстот што е дел од проектот „Трилогија за љубовта“ на авторката, во кој...
Настава по македонски јазик во Хрватска
Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска потпиша Решение за изучување македонски јазик и култура по модел Ц во најголемото подрачното основно училиште „Стрмец“, во градот Св. Недела.
-Ова го соопшти Желка Ненадиќ, претставничка од Управата за национални малцинства при Министерството за наука, образование и млади на манифестацијата „Македонскиот јазикот е нашиот идентитет“, проект поддржан и одобрен од...
Спортски вести
НОРДИСКО СКИЈАЊЕ
Јада и Цветановска имаа успешни настапи
Македонскиот репрезентативец Ставре Јада продолжува да ги освојува снежните патеки и со голема посветеност да ја претставува Македонија. Изминатиот викенд Јада се натпреваруваше на две трки во рамките на Интернационалната скијачка федерација (ФИС) во конкуренција со врвни светски скијачи, потврдувајќи дека македонското скијање има свој силен амбасадор на меѓународната сцена. Во саботата во...
Македонија достојно се претстави на стрип-маратонот
Заврши стрип-маратонот „24-часовно цртање стрип“
Речиси 200 учесници од разни земји учествуваа на 16-от регионален стрип-маратон „24-часовно цртање стрип“. Годинашната тема е „План Б“, која беше дадена непосредно пред почетокот на акцијата.
Томе Трајков, стрип-промотор од Велес, потсети дека македонските стрип-автори почнале да учествуваат од 2023 година преку онлајн цртање оддома.
Тој уште еднаш го изразува задоволството што стрип-соработниците и пријатели од...
Изложба „На мајката Земја“ на Сашо Алушевски
Авторот Сашо Алушевски денеска во 18 часот ќе ја постави изложбата „Шума“ од циклусот „На мајката Земја“, во мобилната монтажна галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје.
Поставката „На мајката Земја“ го истражува односот меѓу фотографијата и материјалната природа/реалност/нашите доживувања, третирајќи ја фотографската слика како симулакрум – визуелен знак што не ја претставува природата директно, туку нејзините кодови и траги....







































