Зголемен бројот на туристи и ноќевања, најмногу гости од Турција, Германија, Србија и Грција
Во периодот јануари - октомври 2025 година вкупниот број на туристи е зголемен за 5,4 отсто во однос на истиот период лани, а зголемен е и вкупниот број на ноќевања за 0,6 проценти, соопшти Државниот завод за статстика.
Кај домашните туристи е забележано намалување за 2,3 отсто, а кај странските зголемување за 9,3 проценти. И во однос на ноќевањата, кај...
Дамите со нов селектор и „трета среќа“ во Европската лига 2026
Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија, откако на почетокот на оваа недела доби нов селектор, Србинот Милош Гавриловиќ, денеска ги дозна противниците и распоредот во Европската лига 2026.
Изданието на Евро-лигата 2026 добива и нова тежина, односно ќе биде дел од квалификацискиот процес за Европското првенство 2028, a натпреварувачкиот систем не претрпе некои посериозни промени. Новитет е дека нема веќе...
Карлсен и Аронијан финалисти на турнирот во Кејптаун во Фишеров шах
Третиот ден од финалето на гранслем-турнирот во слободен (Фишеров) шах во Кејптаун (Јужна Африка) ги одреди завршните дуели, па, така, Норвежанецот Магнус Карлсен и Американецот Левон Аронијан се пласираа во финалето на последниот турнир од годинашната серија, откако победија во полуфиналните дуели. Узбекистанецот Јавокир Синдаров и Германецот Винсент Кејмер ќе се борат за третото место, Американецот Фабијано Каруана и...
Фото: Излезе од печат првата разгледница со народни носии на Македонците од Албанија
Излезе од печат првата разгледница „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“. Има 12 фотографии од традиционалните македонски носии од Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник – Билишта, селата Крчишта и Ербеле – Поле – Маќелара, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво „Илинден“- Тирана и уредник на Македонски весник „Илинден”.
Ова издание е...
Одбраната на обвинетите пазарни инспектори за случајот „Пулс“ тврди дека се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот
Со серија забелешки за работата на Обвинителството, одбраната на пазарните инспектори, на рочиштето за случајот со пожарот во Кочани, остро ја критикуваше правната конструкција на обвинението и начинот на кој, како што наведоа адвокатите, во јавноста се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот во кој загинаа повеќе лица, пренесува МИА.
Дел од адвокатите, исто така,...
Зајакнување на деловните врски меѓу Прилеп и Британската бизнис асоцијација
Н.Е. Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија, денеска
беше во посета на Прилеп, при што оставри средба со градоначалникот Дејан Проданоски.
На протоколарната средба како што информираат од општината, присуствувале и
претседателката на Советот на Општина Прилеп, како и пратениците од Прилеп во
Собранието на Република Македонија.
Градоначалникот Дејан Проданоски пред амбасадорот ја претставил моменталната
состојба во општината, локалните потенцијали, унапредената бизнис клима,...
Владата на Росен Желјасков поднесе оставка по жестоките протести поради законот за буџет
Бугарската влада на премиерот Росен Желјасков, денеска пред гласањето нејзина недоверба поднесе оставка, објави премиерот во кулоарите на Народното собрание.
-Нашата коалиција се собра, разговараше за моменталната состојба, предизвиците со кои се соочуваме и одлуките што мора одговорно да ги донесеме. Меѓутоа, одлуките на Народното собрание се важни кога ја одразуваат волјата на суверенот. Нашата желба е да бидеме на...
До Гаши испратено барање за одземање на имунитетот на пратеникот Јанчев од Левица
Писмо со барање за одземање на имунитетот на пратеникот Саше Јанчев од Левица до претседателот на Собранието Африм Гаши испратиле родителите на тешко повреденото 13 - годишно девојче во сообраќајната несреќа што се случи на 14 септември годинава во Илинден. На повредите од несреќата подоцна им подлегна 16-годишното момче кое го управувало мопедот.
Јанчев е осомничен за сообраќајната несреќа што...
Киев ја достави својата реакција на мировниот план на Трамп
Украина ја формулираше својата реакција на американскиот мировен план и ѝ ја достави на Вашингтон, објави порталот РБЦ-Украина доцна синоќа.
Деталите од украинскиот контрапредлог сè уште не се објавени. Планот што првично го предложи администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп беше остро критикуван од многумина како „список на желби“ на Москва, бидејќи суштински ги прифаќа руските барања, наведува германската агенција...
САД ќе останат посветени на НАТО и покрај новата Национална безбедносна стратегија, вели Руте
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека САД ќе останат посветени на колективната безбедност на своите сојузници во рамките на Алијансата, и покрај новата Национална безбедносна стратегија (НСБ).
- Кога ја гледам НСБ, јасно е наведено дека САД се посветени на Европа со цел да ја обезбедат нејзината безбедност. САД се посветени на НАТО. Исто така, за да се...








































