Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените

Жените во германскиот град Франкфурт ќе можат да користат такси по субвенционирана цена од шест евра, со цел да се зајакне нивната безбедност. Одлуката веднаш стапува во сила и е достапна за сите девојки и жени постари од 14 години. Такси превозот ќе може да се користи во периодот од 22 до шест часот, за да можат безбедно да се...

Жена во Битола полово и телесно нападната

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРСМ, осомничениот, на 18 декември попладне, во заедничкиот дом на улицата...

Мицкоски во Русиново на 119-годишнината од загинувањето на Даме Груев

Со полагање цвеќе и пригодна комеморација, денес во беровското село Русиново беше одбележана 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Даме Груев, еден од клучните идеолози на борбата за слободна Македонија. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев, кој на 23 декември 1906 година загина во борба со османлиските...

Ахмети бара нов историски договор и целосен ветинг со меѓународен надзор за сите носители на јавни функции

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на денешниот Конгрес на партијата во Скопје најави нов „Национален договор за напредок“ и побара целосен ветинг со меѓународен надзор за сите носители на јавни функции во последните 34 години. Ахмети предложи и воведување на „извршен Бадентер“ при избор на Владата, примена на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд и нова фаза...

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, има откажани летови

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот Аеродром Скопје има пет откажани, два пренасочени и шест летови со доцнење. Од 12 часот временските услови се подобрени, така што три лета пристигнаа, еден полета, а три лета се спремни да полетаат, информираат за МИА од ТАВ Македонија. Од...

Почина радио-водителот Драган Б. Костиќ

На 75-годишна возраст почина еден од најпопуларните радио-водители и музички новинари Драган Б. Костиќ. Костиќ е роден во Скопје во 1950 година, а кариерата ја започнал во тогашното Радио Скопје, прославувајќи се како со својот глас, така и со емисиите „Диско селектор“, која почна да се емитува во јуни 1974 и „Заборави ако можеш“, која ја водеше од 1991. Втората...

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година

Во чест на загинатите припадници на Армијата во конфликтот во 2001 година и на загинатите припадници на полицијата во кумановските настани во 2015 година, денеска, во спортската сала „Борис Трајковски“ беше отворен 25. Меморијален турнир во мал фудбал којшто го организира Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“. Отворањето започна со едноминутно молчење во чест на загинатите, по што беше интонирана македонската...

Рубио: Односите помеѓу САД и Европа се во опасност ако се изгубат заедничките вредности

Американскиот државен секретар Марко Рубио, одговарајќи на прашање за новата стратегија за национална безбедност на САД, предупреди дека Европа би можела да ги изгуби вредностите што ги дели со Вашингтон. Тој наведе дека американската администрација жали за наводната загуба на демократијата и слободата на говорот во Европа. - Односот со Европа се темели на фактот дека споделуваме заедничка култура, цивилизација, заедничко...

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. - Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот,...

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на државата до крајот на годината, уверува заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски. Како што соопшти денеска Министерството за финансии, Јанкуловски, во гостување во ТВ 21 потенцирал дека исплатата се...