Маестро Симон Трпчевски одржа концерт кој долго ќе се памети
Салата Борис Трајковски синоќа беше исполнета до последното место, а публиката со долги аплаузи и стоечки овации го поздрави настапот на македонскиот пијанист со светско реноме маестро Симон Трпчевски, кој одржа концерт што уште еднаш ја потврди неговата исклучителна уметничка вредност.
Вечерта помина во знакот на внимателно избран и уметнички заокружен репертоар, кој понуди музичко патување низ различни емоционални состојби...
Рускиот преговарач вели дека разговорите за Украина се „конструктивни“
Разговорите во САД за мирно решение на војната на Москва против Украина досега се конструктивни, изјави главниот руски преговарач Кирил Дмитриев, пренесе руската државна новинска агенција Тас.
Дмитриев, советник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека разговорите со американската страна почнале вчера и треба да продолжат и денеска, пренесе ДПА.
- Дискусиите се водат конструктивно - им рече Дмитриев на новинарите.
Разговорите...
Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка од увоз, информираат од АХВ
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување.
Како што информираат од АХЦ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка,...
Над 25 проценти од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8 проценти
Над 25 проценти од бруто-финалната потрошувачка на енергија во ЕУ лани била од обновливи извори, што е зголемување за 0,7 процентни поени во споредба со 2023 година. Овој удел е за 17,3 процентни поени помалку од исполнувањето на целта за 2030 година (42,5 проценти), што би барало просечно годишно зголемување од 2,9 процентни поени од 2025 до 2030 година....
Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, денеска од 00:00 часот до 18 часот, има 16 откажани и 11 пренасочени летови. Три авиони слетаа и три авиони полетаа после пладне, кога се подобрија временските услови. Слетаа авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, а полетаа за Истанбул, Осло и Баден-Баден,...
Зеленски: Заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација во САД
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во САД веќе е завршена првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација и оти очекува извештај од шефот на украинската делегација Рустем Умеров пред следната рунда преговори.
Зеленски го изјави тоа за време на заедничкото обраќање до медиумите со премиерот на Португалија Луис Монтенегро.
- Нашиот тим ќе ме контактира, така се договоривме, и...
Почина актерот Лазе Манасков
На 67-годишна возраст денеска почина македонскиот актер Лазе Манасков.
- Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј" ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава - наведуваат од Драмски театар.
Манасков е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при...
Се накити подводната елка во Охридското Езеро
Новогодишната елка беше поставена под вода кај Заливот на Коските - Музеј на вода во Охридското Езеро. Традицијата за поставување на подводната елка трае повеќе од 20 години и симболично ги одбележува претстојните новогодишни и божиќни празници.
Елката ја поставија нуркачите на нуркачкиот центар „Амфора“ во соработка со Здружението за ретки болести со поддршка на волонтерите на Црвениот Крст од...
Се одржа 34. Марш за ангелите – новиот јавен обвинител да го преиспита случајот
Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување на индивидуална одговорност и јавно образложение зошто одредени лица досега не се опфатени со постапка. Исто така, тие испратија порака до новиот државен јавен обвинител - да се преиспита целокупниот предмет од самиот почеток, од денот на трагедијата, како...
Украина и Португалија договорија заедничко производство на дронови
Украина и Португалија денеска постигнаа договор за заедничко производство на морски дронови, изјави советникот на украинскиот претседател Олександар Камишин, додека португалскиот премиер Луис Монтенегро е во посета на Украина со порака дека на земјата ѝ е неопходна финансиска помош и дека таа потреба не смее да биде занемарена.
- Докажавме дека нашите беспилотни површински бродови (USV) совршено функционираат против руските...








































