Путин е главната пречка за мирот во Украина, порача Руте

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за германскиот весник Билд, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е главна пречка за мирот во Украина. Руте одговарајќи на прашање зошто е толку тешко да се стави крај на војната во Украина, посочи оти „причината е Путин“, кој е „подготвен да жртвува 1,1 милион свои граѓани“. - Оваа година неговиот (на Путин)...

Силјановска Давкова: Турската заедница има значаен придонес во сите сфери на општествениот развој на државата

Уште од формирањето на македонската држава е не само гарантирано, туку и практично овозможено правото на образование на турски јазик, како неразделно од етничкиот и културниот идентитет на Турците, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во обраќање на приемот, којшто по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик, го организираше Сојузот на турски невладини организации во Македонија -...

Околу 130.000 домаќинства и компании во Сан Франциско останаа без струја

Околу 130.000 домаќинства и компании во американскиот град Сан Франциско вчера останаа без електрична енергија. Напојувањето со електрична енергија постепено се стабилизира и сега речиси 20.000 потрошувачи се без струја. Електрична енергија немаше во северниот дел од градот, поради што беа затворени голем број продавници и ресторани, а нарушен беше и градскиот транспорт. Компанијата „Пацифик гас енд електрик“ ((Pacific Gas and...

Елисејска палата: Добредојдена е подготвеноста на Путин да разговара со Макрон

Француското претседателство ја поздрави подготвеноста на рускиот претседател Владимир Путин да разговара со претседателот Емануел Макрон, наведувајќи дека форматот под кој ќе се изврши таквиот разговор ќе биде утврден во наредните денови. - Добредојдено е тоа што Кремљ јавно се согласи со овој пристап. Ќе одлучиме во наредните денови како е најдобро понатаму да се постапи, соопшти Елисејската палата откако...

Николоски на одбележување на Денот на настава на турски јазик: Наставата на мајчин јазик е најголема цивилизациска придобивка

Заеднички да го градиме партнерството помеѓу македонскиот и турскиот народ и да создаваме уште подобри услови за изучување на турскиот јазик, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на свеченоста што се одржа попладнево во Скопје по повод  Денот на настава на турски јазик - 21 Декември и 20. годишнината од отворањето на Канцеларијата на Турската агенција за...

Почна зимата

Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнa попладнево во 16 часот и 3 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почна летото. На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. До крајот на годината остануваат уште 10 дена. Зимата ќе трае 88 дена 23 часа и 42 минути, односно до 20 март 2026 година кога на...

Зеленски бара уште една средба со европските сојузници по состанокот со американските претставници

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека поддржува да се одржи нова средба со европските сојузници по состанокот на украинската делегација и американските претставници во Мајами, Флорида. Постои општо чувство дека по работата на нашиот дипломатски тим во САД, сега треба да одржиме консултации со европските партнери во поширок формат, објави Зеленски на платформата Икс, по телефонскиот разговор со...

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните реформи, при што беше нагласена потребата од меѓуинституционална координација и јасна распределба на одговорностите - објави премиерот Христијан Мицкоски на својата Фејсбук страница. Премиерот нагласува дека од суштинско значење...

Кремљ: Европските и украинските измени во американскиот план не нè приближуваат кон мирот

Советникот на Кремљ за надворешна политика Јуриј Ушаков денеска изјави со европските и украинските амандмани на американските предлози не се подобруваат изгледите за мир во Украина. - Сигурен сум дека предлозите изработени или се обидуваат да ги подготват Европејците и Украинците дефинитивно не го подобруваат документот и не ги подобруваат шансите за постигнување траен мир - посочи Ушаков. Европските и украинските...

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово

СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово. На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко" со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат" управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес" со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје. - Во незгодата со телесни...