Не отворајте сомнителни линкови и пораки, не споделуваат лични податоци, апелира МВР
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг - напади што се изведуваат преку лажни СМС - пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.
- Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори - како банки, државни институции, реномирани компании, но, имаат за цел да ги измамат корисниците и да...
Речиси целосно искористени парите за поддршка на домашните компании од унгарскиот кредит
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, како и од остварениот раст во делот на инвестициските активности кај домашните капацитети.
Тој денеска во изјавата дадена за медиумите во Кратово истакна дека од предвидените 250 милиони евра за таа намена досега преку развојната банка на компаниите им...
Песков: Русија тргнува од претпоставката дека Гренланд е данска територија, но ситуацијата е вонредна
Русија тргнува од претпоставката дека Гренланд е данска територија, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
-Забележуваме многу контрадикторна ситуација. Тргнуваме од претпоставката дека Гренланд е територија на Кралството Данска. Слушнавме изјави и од Данска и од самиот Гренланд дека Гренланд нема намера да биде продаден на никого. А слушнавме и изјава од Вашингтон дека Вашингтон формулира парична понуда...
„Презир“: за љубовта што се распаѓа и уметноста што одбива компромис
Брижит Бардо во „Презир“ ја остварува можеби најсуптилната и најранлива улога во својата кариера. Годар свесно ја демонтира нејзината репутација на секс-симбол, претворајќи ја во фигура на болка и внатрешно повлекување. Камил не објаснува, не се оправдува, не бара разбирање — таа веќе ја има препознаено празнината. Мишел Пиколи го толкува ликот на Пол како интелектуалец заробен меѓу моралниот...
На училиште на 20 јануари, потврди Јаневска
Учебната година во сите основни и средни училишта на територија на цела држава почнува на 20 јануари, потврди денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип.
- Вчера веќе имавме изјава од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје дека нема да има пречки за новата учебна година. Апелирам...
Кога книгите стануваат опасни
Дистописки визии: „Фаренхајт 451“ (1966)
Во следните изданија на „Кинонома“ ќе објавуваме ревија на филмски критики, со наслов „Дистописки визии“, посветена на филмови со дистописка содржина, напишани од филмскиот обожавател Тони Димитров, директор на Културно-информативниот центар - Скопје
Иако оваа филмска адаптација по денешните стандарди дејствува бавно и застарено, неговата суштина и предупредување за светот каде што мислењето е...
Акција на ОЈО ГОКК, поврзана со вработени во УЈП: Мерки за претпазливост за девет лица
Судија на претходна постапка, по предлог на Обвинителство, определи мерки за претпазливост на девет лица во однос на вчерашната акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а поврзана со вработени во Управата за јавни приходи (УЈП).
Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека во однос на вчерашната акција на ОЈО ГОКК до судот доставен...
Мицкоски: Опозицијата по жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер Обединетото Кралство, сега истото го прави кон САД
Јас жалам што опозицијата после жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер Обединетото Кралство, сега истото тоа го прави кон САД, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан за одлуката на Вашингтон да го запре издавањето иселенички визи за 75 земји, меѓу кои и нашата.
Претседателот на македонската Влада потсети дека Министерството за надворешни работи и трговија даде свој коментар и...
Меѓународниот Аеродром Скопје се стекна со „Ниво 3” – Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми
Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, се стекна со „Ниво 3” - Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми, како резултат на преземените активности во процесот на намалување на емисиите на јаглерод во рамките на работењето на аеродромите во пошироката околина.
Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби акредитацијата за...
Балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет
На 23 јануари, со почеток во 19:30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода и стегите на општествените норми – тема што останува актуелна и денес.
Диригент...







































